Ринтелн

Координати: 52°11′26″N 9°04′53″E / 52.19056° СГШ; 9.08139° ИГД / 52.19056; 9.08139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ринтелн

Rinteln

Поглед на градскиот плоштад со црквата „Св. Никола“
Поглед на градскиот плоштад со црквата „Св. Никола“
Поглед на градскиот плоштад со црквата „Св. Никола“
Грб на Ринтелн
Ринтелн во рамките на Германија
Ринтелн
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Шаумбург
Градски единици 10
Градоначалник Томас Пример (СДП)
Основни податоци
Површина 109 км2
Надм. височина 56 м
Население 25.487 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 234 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SHG, RI
Пошт. бр. 31737
Повик. бр. 05751
Портал www.rinteln.de
Местоположба на градот Ринтелн во рамките на округот Шаумбург
Карта
Карта
Координати 52°11′26″N 9°04′53″E / 52.19056° СГШ; 9.08139° ИГД / 52.19056; 9.08139

Ринтелн (германски: Rinteln) — град во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Се наоѓа на бреговите на реката Везер над градот Порта Вестфалика. Градот Ринтелн е сместен во широка долина помеѓу ридовите на Висорамнините Везер и Липе. Се наоѓа на автопатот А2, 60 километри западно од покраинскиот главен град Хановер и 20 километри од Хамелн.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ринтелн е опкружен од југ од Висорамнините Липе, од север од Висорамнините Везер и од исток од Зинтел. Градот припаѓа на Природниот парк Висорамнини Везер Шаумбург-Хамелн.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Покрај самиот град, кон градското подрачје припаѓаат и следниве места:

  • Ае со Гросер и Клајнер Нелхоф
  • Декберген
  • Енгерн
  • Екстен со Кел
  • Фридрихсвалд
  • Голдбек со Клајн Голдбек и Ној Голдбек
  • Хоенроде
  • Коленштет
  • Кранкенхаген со Фридрихсхее, Нотберг и Штрифензик
  • Меленбек со Елербург и Хесендорф
  • Шаумбург со Домене Коферден, Остендорф, Пашенбург и Розентал
  • Штајнберген со Замок Аренсбург
  • Штрикен со Зарбек
  • Ухтдорф со Форстхаус Таубенберг
  • Тоденман со Гут Данкерсен
  • Фолксен со Везеберг
  • Вененкамп со Пасенштајн
  • Вестендорф со Гут Ехтрингхаузен и Вестендорфер Ландвер

Местата се организирани во десет месни совети: Ае-Енгерн-Коленштет, Декберген-Шаумбург-Вестендорф, Екстен, Хоенроде-Штрикен, Кранкенхаген-Фолксен, Меленбек, Ринтелн, Штајнберген, Таубенберг и Тоденман.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата Ринтелн е основана околу 1150 година на северниот брег на реката Везер. Подоцна, во 1235 година, селото Ној-Ринтелн (буквално: „Нов Ринтелн“) било основано на јужниот брег. Тоа е коренот на денешниот град, откако северното село било напуштено во 1350 година поради чума. Селото израснало во утврден град, кој служел како јужно упориште на грофовите од Шаумбург.

Од 1621 до распуштањето во 1810 година во текот на вестфалската власт под Жером Бонапарт, Ринтелн бил седиште на Универзитетот Ернестина. Кога Грофовијата Шаумбург била поделена во 1640 година, Ринтелн станал административно седиште на источниот дел. Ојленбург (Eulenburg) во Ринтелн станал седиште на грофовите. Ринтелн останал административно седиште на грофовијата и подоцна на округот, додека не бил укинат самиот округ и споен со соседниот округ Шаумбург-Липе во 1977 година.

Во 1875 година била отворена железничката станица.[2]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ринтелн е збратимен со следниве градови:[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „Rinteln - A Short History“ (PDF). Kendal-Rinteln Association. Посетено на 2016-03-06.
  3. http://www.rinteln.de/partnerstaedte/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]