три вертикални ленти во црвена, сина и црвена боја со златни Сојомбо симболи
Знамето на Монголија било усвоено на 12 февруари1992. Денешното знаме е слично со знамето од 1949, а разликата е во тоа што отстранета е петокраката. Знамето е составено од три еднакви вертикални полиња, во црвена, сина и црвена боја. На левото црвено поле има Сојомбо симбол[1]- односно наредени геометриски фигури што претставуваат оган, месечина, земја, вода и знакот јин-јанг.
Пред 1992, знамето на Монголска Народна Република имало жолта ѕвезда над Сојомбо симболот, симболизирајќи го социјализмот. Исто така, синото поле било посветло.