Дудерштат
Дудерштат | |
Градското собрание на Дудерштат | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гетинген |
Градски единици | 15 |
Градоначалник | Волфганг Нолте (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 95,61 км2 |
Надм. височина | 180 м |
Население | 20.286 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 212 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GÖ/DUD |
Пошт. бр. | 37115 |
Повик. бр. | 05527, 05529 (Брохтхаузен, Хилкероде) |
Портал | www.duderstadt.de |
Местоположба на градот Дудерштат во рамките на округот Гетинген | |
Координати | 51°30′45″N 10°15′35″E / 51.51250° СГШ; 10.25972° ИГД |
Дудерштат (германски: Duderstadt) — град во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместен во округот Гетинген.
Средновековниот изглед на градот го сочинуваат 600 куќи најчесто во фахверк, обете големи градски цркви „Св. Киријак“ и „Св. Серватиј“ со нивните моќни камбанарии, старата градска порта „Вестертурм“, обновениот градски бедем, како и Градското собрание, кое е едно од најстарите во Германија.
Градот е средиште и порано главен град на северниот дел на областа Долен Ајхсфелд („Untereichsfeld“). Во минатото бил имот на римокатоличкиот архиепископ од Мајнц.
Географија
[уреди | уреди извор]Дудерштат се наоѓа во областа Долен Ајхсфелд во близина на покраинската граница со Тирингија. Поради неговата плодна почна, околината во текот на средниот век била позната и како „Голдене Марк“ („златна точка“). На околу десет километри југоисточно се наоѓа тириншката област Омгебирге, а на околу 20 километри североисточно е планинскиот масив Харц. Низ градот течат реките Хале и Бреме.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Дудерштат се состои од 15 градски единици, во кои покрај самото градско јадро, влегуваат и 14 други припоени места. Од околу 21.500 жители, околу 9.000 живеат во самото градско јадро и над 12.000 во другите места.
Градските единици и нивниот број на жители од 1 април 2011 година:[2]
|
|
Историја
[уреди | уреди извор]Првото спомнување во документ на Дудерштат е од 929 година.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градот содржи многу историски градби изградени во фахверк.
Изградена во 1343 година, Вестертурм е една од најмалку осум градски порти кои се наоѓале на градскиот бедем, која била запалена во 1424 година и повторно изградена во следните 12 години. Вестертурм има препознатлив извиткан покрив. Иако не е единствена кула во Германија со извиткан покрив, неговата изградба била особена успешна. Постојат бројни народни преданија кои го објаснуваат виткањето: една тврди дека неподмачкан ветропокажувач го предизвикало виткањето на покривот.[3] Друга тврди дека кога ѓавото ги носел луѓето од Дудерштат да пијат, жените го однеле, но претходно ја фатил кулата и ја извиткал, при што избегал.[4]
Изградбата на Градското собрание започнало во 1302 година, а дополнителни крила и делови биле додавани до 1674 година. Било целосно обновено во 1980-тите години и повторно во 2002 година.
Култура
[уреди | уреди извор]Татковинскиот музеј во Дудерштат има збирка на локални значајни артефакти, кој ја раскажуваат историјата на областа и на градот.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Дудерштат е збратимен со следниве градови:
- Таубербишофсхајм, Германија (од 1961 г.)
- Комб ла Вил, Франција (од 1968 г.)
- Картузи, Полска (од 1995 г.)
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Георг фон Коп (1837–1914) — кардинар на Римокатоличката црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Страница на Дудерштат Архивирано на 18 февруари 2018 г., 21 јуни 2011 г.
- ↑ „Westerturmsagen“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-02-18.
- ↑ „Westerturmsagen“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2016-02-18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дудерштат“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
|