Голем Папрадник
Голем Папрадник | |
Воздушен поглед на селото Голем Папрадник | |
Координати 41°28′36″N 20°32′39″E / 41.47667° СГШ; 20.54417° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 443 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08009 |
Надм. вис. | 700 м |
Голем Папрадник на општинската карта Атарот на Голем Папрадник во рамките на општината | |
Голем Папрадник на Ризницата |
Голем Папрадник — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 10 километри.[3]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Голем Папрадник е населено уште од доцноантичкиот период, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 144,9 хектари, на шумите отпаѓаат 104,2 хектари, а на пасиштата само 9,6 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има фабрички погон, работат продавници и угостителски објекти.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 35 жители муслимани (Македонци) и 22 христијани (Македонци).[6]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Голем Папрадник имало 460 жители, сите Македонци-муслимани.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]
Голем Папрадник е големо село, етнички мешано, и со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 897 жители, од кои 527 биле Турци, 328 Албанци и 41 Македонец, додека во 1994 година биле попишани 962 жители, од кои 736 биле Турци, 203 Македонци и 11 Албанци.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Голем Папрадник броело 840 жители, од кои 30 Македонци, 799 Турци, 1 Албанец и 10 останати.[9]
Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 443 жители, од кои 22 Македонци, 11 Албанци, 329 Турци, 1 Бошњак, 1 останат и 79 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | — | 634[б 1] | 715[б 1] | 897[б 1] | 1.012 | 1.217 | 1.063 | 962 | 840 | 443 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Голем Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).[15]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:
- Македонски родови:
- Муслимански родови:
- Староседелци: Емровци (2 к.), Метовци (2 к.), Грушовци (4 к.), Данчевци (2 к.), Зенговци (5 к.), Палеушовци (3 к.), Лимановци или Селовци (1 к.), нивниот род бил пред изумирање, но го продолжил Село од Новак, кој бил од турско потекло. во овој род се зборува сега македонски, Исовци (3 к.), Чичовци (5 к.), Имеровци (4 к.), Дуровци (3 к.), Деаровци (5 к.), Пирденовци (4 к.), Аџовци (8 к.), Зунчевци (4 к.), Кадријовци (6 к.), Змејовци со Алијовци, Тафовци, Селовци и Ѓоркутовци (21 к.).
- Доселеници: Гутковци (18 к.), потекнуваат од предок доселен од селото Коџаџик во 1818 година, сега во овој род се говори македонски; Баулевци (7 к.) доселени во 1829 година од селото Коџаџик, и во овој род сега се говори македонски; Маловци (3 к.), доселени се околу 1830 година од некое село во Тиквешкиот регион и Рафмановци (3 к.), доселени се во 1900 година од селото Кочиште.
- Муслимански родови:
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1954 година од селото има иселеници во Турција (5 семејства) и тоа во Бурса, Бергама, Бадемлија крај Бергама, а некои и во Дебар, потоа во градот Урошевац во Косово и во селото Зелениково.[15]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Пошта
- Амбуланта
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Голем Папрадник било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 0562 и 0562/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месната заедница.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.282 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.315 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[4]
- Вапавска Краста — доцноантичка населба;
- Вапчица — средновековна некропола;
- Св. Петка — средновековна црква; и
- Црквичка — средновековна црква и некропола.
- Џамии[19]
- Џамија — главна селска џамија
- Споменици
- Споменик за загинати борци во НОБ
- Реки[20]
- Папрадничка Река — река низ селото
-
Селската џамија
-
Споменик за НОБ
-
Папрадничка Река
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Сокак низ селото
-
Воздушен поглед
-
Улица во селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Торбеши“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1497. Text "series " ignored (help)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 71.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 119. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 . Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2023-01-21. Посетено на 23 јануари 2023.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 15. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- Забелешки
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Голем Папрадник на Ризницата ?
|