Разлика помеѓу преработките на „Страдањата на младиот Вертер“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с (Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население)
[[Податотека:Goethe 1774.JPG|350px|right|thumb|Првото издание од 1774 година]]
'''Страдањата на младиот Вертер''' ([[германски]]: ''Die Leiden des jungen Werthers'') - [[роман]] на [[Јохан Волфганг фон Гете|Гете]], од [[1774]] година.
 
== Инспирација ==
 
===Прва книга===
Во првата книга се прикажани писмата што младиот Вертер му пишува на својот пријател Вилхелм при што првото писмо е од [[4 мај]] [[1771]] година, а последното од [[10 септември]]: Вертер заминал во мало провинциско гратче, каде ги поминува деновите во долги прошетки во [[природа]] и во разговори со локалнотомесното население. Еднаш прошетал до блиското планинско место Валхајм кое на прв поглед му се допаднало. Одејќи на една забава ја запознал убавата Шарлота (Лота) која го пленила со својата убавина, [[интелигенција]] и добрина и тој веднаш се вљубил во неа. Меѓутоа, Шарлота била свршена за Алберт, кој привремено бил отсутен. За тоа време, Вертер се зближил со Лота, иако никогаш не ѝ изјавил [[љубов]], знаејќи дека таа е свршена. Подоцна, тој се запознал со Алберт кој му оставил добар впечаток и двајцата станале добри пријатели. Неговите средби со Лота продолжиле, но тој не можел да го издржи притисокот и еден ден ненадејно го напуштил Валхајм.<ref>J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-62.</ref>
 
===Втора книга===
 
== За романот ==
Веднаш по нејзиното (анонимно) објавување, книгата доживеала голем успех и набргу следувале нови изданија, а таа била преведена на повеќе [[Јазик|јазици]]: до крајот на [[18 век]] се појавиле 15 француски и 12 англиски изданија. Под нејзиното влијание, многу луѓе се облекувале во стилот на Вертер (јавачки фрак со [[месинг]]ени копчиња, жолт елек високи чизми, итн.), го имитирале неговиот начин на живот, a странски [[Туризам|туристи]] доаѓале во [[Вецлар]] за да ги посетат местата во кои се случува дејството на романот. Сцени од романот се појавиле дури и во [[Кина]], насликани на [[порцелан]]. Дури и самиот Гете почнал да се облекува како Вертер, а дури и [[Вајмар|вајмарскиотвајмар]]скиот војвода Карл Август започнал да се облекува во тој стил, иако претходно луѓето ги нарекувал Гетеови [[Мајмун|мајмунимајмун]]и. Жените, пак, се облекувале во стилот на Лота: долг, бел фустан со висок струк, со куси ракави длабоко [[деколте]], а таквата облека го нашла местото и во бројни илустрации. Најпосле, во тоа време биле забележани и неколку [[Самоубиство|самоубиства]], а за да ги спречат честите самоубиства, во некои германски градови романот бил забранет.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацин, 1957, стр. 23-26.</ref>
 
Истовремено, како реакција на ова дело, се појавиле и неколку пародии, како и бројни остри критики. Така, критичарите му забележувале на Гете за спојувањето на мотивот на трагичната љубов со мотивот на повредената чест; што дозволил Лота без поговор да му го предаде пиштолот на слугата на Вертер; што го воздигнувал ликот на еден слаб човек-самоубиец итн.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 137.</ref> Романот бил остро критикуван од [[црква]]та, особено од двајва [[Свештенство|свештеници]], а кон нив се придружил и еден поранешен под[[офицер]]. Исто така, и рационалистот Николај остро го нападнал романот во својата пародија „[[Радостите на младиот Вертер]]“ (''Die Freuden des jungen Werthers''). Исто така, се појавиле бројни обиди за [[драма]]тизација на романот, а една од најуспешните драми се појавила во [[Швајцарија]], напишана на [[француски јазик]], со наслов „[[Неволјите на љубовта]]“ (''les malheurs de l'amour''). Оваа драма постигнала голема популарност и четирипати била преведена на [[германски јазик]]. Покрај неа, неколку комедиографи напишале фарси и [[Комедија|комедии]] посветени на Вертер, а неговиот лик го играле дури и во [[циркус]]ките претстави. Во 1886 година се појавила [[опера]]та на [[Жил Масне]], која доживеала голем успех. По повод стогодишнината од смртта на Гете се појавиле повеќе нови изданија, коментари и толкувања на романот, а тоа се случило и во 1949 година, кога била одбележана двестегодишнината од раѓањето на Гете. Најпосле, како доказ за големото влијание на ова дело треба да се спомене и романот на [[Томас Ман]] со наслов „[[Лота во Вајмар]]“ (''Lotte im Weimar'').<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацин, 1957, стр. 26-27.</ref> Романот „Страдањата на младиот Вертер“ извршил големо влијание врз развојот на [[Романтизам|романтизмот]] чии дела биле преполни со вертеровската „светска болка“. Притоа, некои романтичарски дела, како „Рене“ на [[Шатобријан]] и „Последните писма на Јакопо Ортисо“ на Фосколо, биле напишани под непосредно влијание на „Страдањата на младиот Вертер“.<ref name="Milan V. Dimić 1959">Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 138.</ref>
 
Како одговор на критичарите, Гете истакнувал дека уметничкото дело не може да биде штетно. Така, обраќајќи му се на еден англиски [[бискуп]], наведен во разговорот со Екерман од [[17 март]] [[1830]] година, Гете истакнал: „Кога веќе така зборувате за мојот кутар „Вертер“, тогаш како би требало да се зборува против насилниците кои со едне потег на перото испраќаат во [[војна]] сто илјади луѓе од кои ќе погинат осумдесет илјади и кои меѓусебно се поттикнуваат на убиство, палење и грабеж. Вие го фалите [[бог]]а по таквите настани и ја пеете Tedeum!... А барате писателот да ви поднесе сметка и сакате да фрлите проклетство на неговото дело само затоа што тоа, погрешно сфатено од неколку ограничени умови, во најлош случај го ослободил светот од малкумина глупаци и никаквеци!... Тоа е значи злостроство, а што си дозволувате вие, свештениците и владетелите!... Зло би било ако една книга може да делува како нешто што е понеморално од самиот живот...“<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 137-138.</ref>
 
Сепак, под притисок на критичарите, во [[1787]] година Гете го подготвил изменетото второ издание на „Страдањата на младиот Вертер“ во кое направил одредени измени: ги засилил некои болни црти во карактерот на Вертер, го прикажал Алберт во подобра светлина, вметнал паралелно дејство со теми од селскиот живот, а во поговорот јасно ги опоменал читателите да не го следат примерот на Вертер.<ref> name="Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 138.<"/ref>
 
==Изданија на македонски јазик==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Дела на Гете]]
[[Категорија:Германски романи]]

Прегледник