Прејди на содржината

СОС Детско Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
СОС Детско Село
КратенкаСОС
Гесло„Ниту едно дете да не расте само“
Основана1949; пред 77 години (1949)
ВидМеѓународна НВО
Правен статусактивна
Целхуманитарна помош
СедиштеИнсбрук, Австрија
ОсновачХерман Гмајнер
Мреж. местоsos.org.mk

СОС Детско Село — независна, невладина, непрофитна меѓународна организација со седиште во Инсбрук, Австрија.[1] Организацијата обезбедува хуманитарна помош за деца од ранливи категории и ги штити нивните интереси и права во државите ширум светот. Првото СОС Детско Село било основано во 1949 г. во покраината Тирол, Австрија од австрискиот филантроп Херман Гмајнер,[2] по согледување дека многу деца останале напуштени и сираци по крајот на Втората светска војна. Денес СОС Детско Село е активно во повеќе од 135 земји во светот.[3]

СОС Детско Село обезбедува згрижувачко семејство за децата без соодветна родителска грижа. Деца од различна возраст и потекло живеат заедно во куќа со родител со постојано присуство, обично жена која има улога на мајка на децата. Најчесто има 6 до 15 куќи во типичното СОС детско село. Освен дом за децата без родители, СОС има развиено повеќе програми и институции за поддршка на социјално загрозените и осиромашени семејства. Заклучно со 2017, повеќе од 85,000 деца и млади биле вдомени во СОС детските села или младинските установи. Дополнителни 3,8 милиони деца и родители биле вклучени во програмите од СОС.

СОС Детско Село функционира од владини и приватни донатори. Здружението во Македонија било основано во 2001, додека првото дете било згрижено во 2002 година. Освен вдомување, СОС делува превентивно кај семејствата во социјален ризик и спречува децата да останат без родителска грижа. Македонското СОС Детско Село нуди советодавна услуга за овие семејства, а има учествувано и во подготовка на закони од областа на социјалната политика и заштита на детските права.

Ајде да менуваме животи!

[уреди | уреди извор]

Од септември 2021 г. СОС Детско Село во Македонија започнало кампања под слоганот Ајде да менуваме животи! со цел стекнување „СОС пријатели“, односно посветени месечни донатори, чии средства се наменети за поддршка на децата и младите од СОС Детско Село. Во кампањата се ангажирани СОС претставници на терен, кои им објаснуваат на потенцијалните донатори за работата на СОС Детско Село, и помагаат за остварување на мисијата на СОС.[4]

Меѓународни претставништва

[уреди | уреди извор]

СОС Детско Село е присутно во повеќе од 135 земји во светот, кои се наведени подолу по региони. СОС претставништвата во овие земји обезбедуваат активна поддршка за децата и семејствата. Во државите означени со ѕвездичка СОС Детско Село е присутно како канцеларија чија задача е собирање средства и создавање јавна свест за овие социјално ранливи категории.

Алжир Алжир Ангола Ангола Бенин Бенин Боцвана Боцвана Буркина Фасо Буркина Фасо Бурунди Бурунди Камерун Камерун
Зелен ’Рт Зелен РтЦАР Централноафриканска РепубликаЧад ЧадБрег на Слоновата Коска Брегот на Слоновата КоскаДР Конго Демократска Република КонгоЏибути ЏибутиЕгипет Египет
Екваторска Гвинеја Екваторска ГвинејаЕтиопија ЕтиопијаГамбија ГамбијаГана ГанаГвинеја ГвинејаГвинеја-Бисао Гвинеја-БисаоКенија Кенија
Лесото ЛесотоЛиберија ЛиберијаМадагаскар МадагаскарМалави МалавиМали МалиМаврициус МаврициусМароко Мароко
Мозамбик МозамбикНамибија НамибијаНигер НигерНигеријаНигеријаРуанда РуандаСенегал СенегалСиера Леоне Сиера Леоне
Сомалија СомалијаСомалиленд СомалилендЈАР Јужна АфрикаЈужен Судан Јужен СуданСудан СуданЕсватини СвазилендТанзанија Танзанија
Того ТогоТунис ТунисУганда УгандаЗамбија ЗамбијаЗимбабве Зимбабве
Аргентина Аргентина Боливија Боливија Бразил Бразил Канада Канада Чиле Чиле Костарика Костарика Доминиканска Република Доминиканска Република Колумбија Колумбија
ЕквадорЕквадорЕл Салвадор Ел СалвадорГватемалаГватемалаХаити ХаитиХондурасХондурасЈамајка ЈамајкаМексико Мексико
Никарагва НикарагваПанамаПанамаПарагвај ПарагвајПеру ПеруУругвај УругвајСАД Соединети Американски ДржавиВенецуела Венецуела
Ерменија Ерменија Азербејџан Азербејџан Бахреин Бахреин Бангладеш Бангладеш Камбоџа Камбоџа Кина Кина Грузија Грузија
ИндијаИндијаИндонезија ИндонезијаИзраелИзраелЈапонијаЈапонијаЈорданЈорданКазахстан КазахстанКувајт Кувајт
Киргистан КиргистанЛаос ЛаосЛибан ЛибанМонголија МонголијаНепал НепалОман ОманКатар Катар
Пакистан ПакистанПалестински територии ПалестинаФилипини ФилипиниСаудиска Арабија Саудиска АрабијаЈужна Кореја Јужна КорејаШри Ланка Шри ЛанкаСирија Сирија
Тајван ТајванТајланд ТајландОАР Обединети Арапски Емирати*Узбекистан УзбекистанВиетнам Виетнам
Албанија Албанија Австрија Австрија Белорусија Белорусија Белгија Белгија Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Бугарија Бугарија Хрватска Хрватска
Чешка ЧешкаДанска Данска*Естонија ЕстонијаФинска ФинскаФранција ФранцијаГерманија ГерманијаГрција Грција
Унгарија УнгаријаИсланд Исланд*Италија ИталијаКосово КосовоЛатвија ЛетонијаЛитванија ЛитванијаЛуксембург Луксембург
Македонија МакедонијаХоландија Холандија*Северен Кипар Северен КипарНорвешка НорвешкаПолска ПолскаПортугалија ПортугалијаРоманија Романија
Русија РусијаСрбија СрбијаШпанија ШпанијаШведскаШведска*Швајцарија Швајцарија*Украина УкраинаОбединето Кралство Обединето Кралство*
Австралија Австралија* Француска Полинезија Француска Полинезија
  1. 'SOS Children's Villages contributing to nation-building'.
  2. James, George (27 April 1986). „Hermann Gmeiner Of Austria, 66; Established Shelters For Children“. The New York Times.
  3. „Facts & Figures“ (PDF).
  4. Ајде да менуваме животи!
  5. СОС Детско Село во Африка
  6. СОС Детско Село во Америка
  7. СОС Детско Село во Азија
  8. СОС Детско Село во Европа
  9. СОС Детско Село во Океанија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]