Луј XIV

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крал-Сонце)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луј XIV
Крал на Франција и Навара
Луј XIV (1638–1715), од Ијасент Риго (1701)
Владеење14 мај 16431 септември 1715
Крунисување7 јуни 1654, Ремс
Полно имеЛуј-Дидон познат како величествен или кралот-сонце
ЗвањаПрестолонаследник на Франција (1638-1643)
Крал на Франција и на Навара (1643-1715)
ПочивалиштеВо базиликата Сен-Дени, Франција
ПретходникЛуј XIII
НаследникЛуј XV
ПридружникМарија Терезија Шпанска
Франсоаз д'Обињ Мантенон
ДецаЛуј Велики Дофин
Ана-Елизабета Француска
Марија-Ана Француска
Принцеза Марија-Терезија Француска
Филип-Шарл Анжујски
Луј-Франсоа Анжујски
ДинастијаБурбони
ТаткоЛуј XIII
МајкаАна Австриска

Луј XIV (роден на 5 септември 1638 во дворецот Сен Жермен ан Ле - починал на 1 септември 1715 во Версај) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Тој бил син на кралот Луј XIII и Ана Австриска. Станал крал на 14 мај 1643, на само 4 години. Во негово име како регент владеела неговата мајка, Ана, која власта ја пренела во рацете на кардиналот Жил Мазарен. По смртта на Мазарен, во 1661, Луј XIV ја презел контролата над владата. Владеењето на Луј XIV, познат и како „крал-сонце“ и „Луј Велики“ траело 72 години. Тоа е најдолгото владеење во историјата на Европа. Успеал да ја зголеми моќта и влијанието на Франција во Европа. Војувал во три големи војни (Француско-холандската војна, Војната на големата алијанса и Војната за шпанското наследство) и две помали (Деволуционата војна и Војната за повторно соединување).




Претходник
Луј XIII
Крал на Франција
1643-1715
Наследник
Луј XV
|}