Прејди на содржината

Историја на Ерусалим

Од Википедија — слободната енциклопедија

Местоположбата на градот, според Библијата Господ го осветил уште во старо време, место од каде произлегла верата на Авраам (Бит. 22гл.; 2Лет. 3:1). Тој бил во пределите на Вениаминовото и Јудeиското племе, малку понавнатре од границата на првото, но од него подоцна произлегло Јудеиското племе, и затоа се смета како Јудеиски град (И.Н. 15:8, 18:16,28; Суд. 1:1-8).


Ерусалим

Имиња

Морија · Сион · Аелија Капитолина

Историја · Хронологија

10 век п.н.е. · 721 п.н.е. · 597 п.н.е.
587 п.н.е. · Период на Вториот храм · 70
614 · 637 · Среден век · 1099
1187 · 1244 · 1917 · 1947 · 1948

Религиозно значење

Јудаизам  · Христијанство · Ислам
Храмова Гора · Западен ѕид
Златна купола · Ал Акса
Светиот Гроб

Демографија · Луѓе

Патријарси · Рабини
Голем муфтија · Градоначалници

Археолошки градби  · Најпознати места
Населби · Планини
Транспорт  · Образование
Позиции
Источен Ерусалим

Ерусалимски закон · Ден на Ерусалим
Знаме · Грб

Историја на градот пред новата ера

[уреди | уреди извор]

Најстарото име на градот е Салим - Бит. 14:18, Пс. 76:2; подоцна бил наречен Евус, бидејќи станал град на Евусците - Суд. 19:10,11. Неговата местоположба била таква што долго време израелците не можеле да го заземат, сè додека најпосле тврдината не била завладеана од цар Давид, и тогаш не биде наречен Давидов град. Во време на владеењето на Давид и неговиот наследник Соломон, градот станал религиозно и политичко седиште на царството. Израелците го разшириле градот. Најголемата му слава, е во тоа што во неговиот храм се вселил и открил себеси Единствениот, живиот и вистинскиот Бог.

По разделувањето на царството, тој останал престолнина на Јудејското царство, неколкупати го преземале и пленувале, за да на крај го заземат вавилонците. По седумдесет години, евреите повторно го зазеле и го соградиле ( 536 година п.н.е.). Околу 332 година п.н.е. градот бил отстапен на Александар Македонски, а наскоро по неговата смрт, Птоломеј Египетски го презел со пристап во една сабота, кога евреитене сакале да се борат. Во 170 година п.н.е. Ерусалим паднал под власта на Антиох Епифан, кој успеал да ги сруши неговите ѕидови. Во времето пак на Макавеите (163 година п.н.е.), евреите повторно придобиле определена независност, а еден век подоцна градот паднал во рацете на Римјаните.

Историја на градот по новата ера

[уреди | уреди извор]

Ирод Велики вложил многу пари, за да го украси и обнови градот. Во градот и храмот, дошол и Месијата, Исус Христос. Со неговото распнување на крст, евреискиот народ започнал да слабее и храмот бил преземан од страна на Тит (70 година).

Од сите објекти кои постоеле до тогаш, само три куполи успеале да се зачуваат во целост. Кога евреите започнале повторно да се враќаат во градот, император Адријан во 135 година повторно ги протерал, при што им забранил повторно да се враќаат. Тој го променил името на градот во Елија Капитолина, и се трудил колку е можно повеќе да го исцрпи христијанството и јудаизмот од градот. Во времето на Константин I, името на градот повторно се вратило на Ерусалим. Елена, мајката на Константин, направила две цркви во Витлеем и на во 326 година а Јулиан, кој го наследил престолот на својот вујко Константин I, се обидувал повторно да го изгради храмот.

Кулата на цар Давид

Покасната историја на Ерусалим може да се раскаже накратко со неколку реченици. Во 613 година градот го презел Хосров Персискиот цар, кој убил 90,000 од неговото население, а со тоа скоро и го разрушил градот. Во 627 година, Ираклиј го победил Хосров, и Ерусалим паднал во рацете на Византија. Во 637 година градот на христијаните бил преземен од страна на Халиф Омар, и со него владееле сè до 868 година, кога од нив градот го презел Ахмед, Турскиот господар на Египет. Во продолжение на 220 години, Ерусалим имал неколку господари, Турски и Сарацински, а во 1099 година бил преземан од страна на крстоносците под контрола на Годфреј Буиона, кој потоа станал крал. По неговата смрт царството го презел неговиот брат Балдуин, кој умрел во 1118 година. Во 1187, Саладин го презел градот со помош на предавникот Рамон. Во 1242 година, Салих Исмаил, емират на Дамаск, повторно ги вратил Латинските кнезови, но тие повторно го испуштиле во 1291 година во рацете на Египетските султани, кои владееле сè до 1382 година. Турскиот султан Селим ги зазел Египет и Сирија, заедно со Ерусалим, во 1517 година. Во 1832-4, со градот господарувал Ибрахим Паша Египетски.

Историја на градот во модерно време

[уреди | уреди извор]

Муслиманското населиле во градот главно останало до 1948 година, година во која е создадена и израелската држава. До 1966 година градот бил поделен меѓу Израел и Јордан, кога Израел целосно го презел.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Стар град ( Ерусалим )

Ерусалим

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]