Опсада на Ерусалим (1948)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Опсадата на Ерусалим била серија од терористички напади кои започнале на 1 декември 1947 година и траеле се до 10 јуни 1948 година. Опсадата била наместена од страна на локалните палестински арапи по одлуката на ООН за разделување на Палестина на евреиски и арапски дел.

Според планот кој бил направен, Ерусалим бил поставен во меѓународната зона, при што секоја нејзина држава со која граничи е арапска. Од 15 мај, при крајот на британската мисија во Палестина, палестинските сили се соединиле во Трансјорд (автономна политичка дивизија на Палестина). Целта на овие сили била изолација на околу 100 000 евреиски жители од останатите од Палестина. Арапските сили се обиделе да го отсечат патот до Ерусалим и со тоа еврејската популација да се измеша со муслиманската и така да исчезне. Магистралниот пат помеѓу Латурн и Ерусалим, сега дел од Haightway 1 (Израел) исто така бил отсечен од Арапите како и патот до Ерусалим. Конвојот кој бил подржуван и опколен од возила кои се грижеле за снабдување на еврејското население бил повторно нападнат по патот до Ерусалим предизвикувајќи тешка несреќа. По неколкуте воени операции кои биле допуштени од страна на еврејските сили во април и мај 1948 година довеле воспоставување на контрола. На крајот од мај и почетокот на јуни тие исто така го превзеле и јудејскиот брег наречен Burma Road.