Прејди на содржината

Википедија:Викисредба (15 јануари 2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2026
LIX   LX   LXI   LXII   LXIII   LXIV
2025
LII   LIII   LIV   LV   LVI  LVII   LVIII

2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII   XLIV

2013
XXXVIII   XXXIX   XL   XLI   XLII

2012
XXV   XXVI   XXVII   XXVIII   XXIX   XXX   XXXI   XXXII   XXXIII   XXXIV   XXXV  XXXV  XXXV   XXXVI   XXXVII

2011
XXI   XXII  XXII   XXIII   XXIV   XXV

2010
XVI   XVII   XVIII   XIX   XX

2009
IV   V   VI   VII   VIII   IX   X   XI   XII   XIII   XIV  XIV   XV

2008
III  III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се известуваат корисниците и соработниците на Википедија дека на 15 јануари 2011 во Скопје во рамките на прославата на 10-годишнината на Википедија низ светот, ќе се одржи настан за одбележување на овој јубилеј. Прославата ќе се одржи во Ла Кања во Старата скопска чаршија, со почеток во 18:00. Учество ќе земат и некои соработници и поддржувачи на проектот, а повеќе информации може да добиете на официјалната странa за настанот се наоѓа ten.wikipedia.org.

Присуството го потврдија

[уреди извор]

Ве молиме додадете го Вашето корисничко име во продолжение доколку планирате да присуствувате на Вики средбата којашто ќе се одржи во рамките на прославата.

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 18:10, 10 јануари 2011 (CET)одговори
  2. За --FlavrSavr (разговор) 21:55, 10 јануари 2011 (CET)одговори
  3. За --Ivica83 (разговор) 22:44, 11 јануари 2011 (CET)одговори
  4. За  --Милош (разговор) 00:06, 13 јануари 2011 (CET)одговори
  5. За  --brest (разговор) 09:41, 13 јануари 2011 (CET)одговори
  6. За  -- Марио Шаревски - Македонец (разговор) 17:31, 14 јануари 2011 (CET) ќе поминам од чаршија (најверојатно)одговори
  7. За  -- Arwena (разговор) 16:00, 15 јануари 2011 (CET) постои можност после работните состаноци, на кратко да поминам за чест да направам.одговори

Можете исто така да го пополнете овој формулар, кој ќе им биде од помош на организаторите на низата настани по повод прославата на 10 години од Википедија.

Дискусија

[уреди извор]

Присутни

[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Misos (разговор придонеси)
  3. FlavrSavr (разговор придонеси)
  4. Ivica83 (разговор придонеси)
  5. Brest (разговор придонеси)
  6. Виолетова (разговор придонеси)
  7. Новица (разговор придонеси)
  8. Damjanc (разговор придонеси)
  9. Elidija (разговор придонеси)

Освен наведените, присуствуваа уште десетина заинтересирани кои активно беа вклучени во дискусиите на средбата.

Извештај од средбата

[уреди извор]

Со оглед на тоа дека средбата беше во рамките на прославата на 10-годишнината од постоењето на Википедија, средбата помина необично. Започнавме кратко по 18:00, откако се собравме во доволен број. Меѓу присутните имаше и заинтересирани за Википедија кои не се нејзини корисници, што беше на огромно задоволство на останатите.

Најпрво, секој се претстави и го сподели своето искуство со Википедија. Имаше што да се слушне, а како поминуваше претставувањето се отворија многу прашања во врска со проектот и корисноста на енциклопедијата. Интересно беше тоа што многумина од присутните постојано ја користеле Википедија, а особено и Википедија на македонски јазик, но не биле запознаени детално за можноста на нејзиното збогатување со содржини. Продолживме со сместување на Википедија на македонски јазик на светски план и планирање на сето она што може во иднина да се направи. Како одминуваше времето, бројот на присутнтие се зголемуваше, веројатно во исчекување на презентациите кои следеа по средбата во рамките на целовечерниот настан. Дискусијата продолжи со начините на коишто Википедија може да се збогатува и сето она што може да се користи како литература. Беше објаснета улогата на наводите и изворите како клуч за веродостојноста ан содржината, а многумина се сложија дека наведувањето на истите е мошне корисна работа по која Википедија се разликува од другите енциклопедии. Освен користењето на соодветни научни трудови, се спомена и можноста за превод од некои други јазични изданија, којашто овозможува полесно совладување на некој странски јазик, што беше наведено како една од најголемите придобивки. Дури се пријавија и доброволци кои беа заинтересирани за превод на содржини од други јазици.

Пред крајот на средбата, се обрна внимание и на појавата на меѓукориснички спорови за некои конкретни теми, како и улогата на страниците за разговор во нивното решавање. Притоа, се поставија и неколку прашања во врска со некои историски теми, а разговорот продолжи со раскажување на кратката историја на ваквите ситуации во минатото и учеството на некои од присутните корисници во истите на Википедија на англиски јазик. Веќе беше неколку минути пред 20 часот, со што времето предвдиено за времата беше истечено. Разговорите завршија по што присутните се префрлија во просторот каде што требаше да бидат одржани презентациите кои редоследно следуваа.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:40, 2 февруари 2011 (CET)одговори

Следна вики-средба

[уреди извор]

Следната Вики средба се очекува да се одржи во средината на месец февруари.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:40, 2 февруари 2011 (CET)одговори



Викисредби низ светот
Африка: Александрија  Кејптаун
Америка: Бостон  Далас/Фортнорт  DC  Јута  Калгари  Конектикат  Лос Анџелес  Мајами  Минеаполис  Монтреал  Њујорк  Остин  Отава  Питсбург  Провиденс  Сан Франциско  Сиетл  Торонто  Филаделфија  Феникс
Азија: Бангалор  Дака  Манила  Себу  Сингапур  Тајнан  Тајпеј  Техеран  Токио  Џакарта  Шангај
Европа: Босна и Херцеговина  Бугарија  Велика Британија (Лондон)  Данска  Германија  Единбург  Ирска  Лион  Македонија  Норвешка  Србија  Хрватска  Чешка  Шведска
Океанија: Аделаида  Бризбејн  Канбера  Мелбурн  Њукасл  Окленд  Перт  Сиднеј