Википедија:Викисредба (15 јануари 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Следната вики средба ќе се одржи на 15 јануари 2012 година со почеток во 16:00 во Менада, Стара скопска чаршија, по повод одбележувањето на 11-годинината од постоењето на Википедија. Влезот е бесплатен. :)

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 01:19, 11 јануари 2012 (CET)
  2. За --FlavrSavr (разговор) 19:20, 11 јануари 2012 (CET)

Можеби ќе присуствуваат[уреди извор]

  1. Yes check.svgОк --brest (разговор) 20:13, 11 јануари 2012 (CET)
  2. Yes check.svgОк --Razvigor@gmail.com (Razvigor@gmail.com) 20:13, 11 јануари 2012 (CET)
  3. Yes check.svgОк --Васил Ч. (разговор) 08:26, 13 јануари 2012 (CET)

Дискусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци и соработници:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Brest (разговор придонеси)
  3. FlavrSavr (разговор придонеси)
  4. Arwena (разговор придонеси)
  5. Филип Стојановски од Метаморфозис
  6. Јержи Целиховски од Институтот за отворено ооштество од Будимпешта

Извештај од средбата[уреди извор]

На средбата пристигнав со мало задоцнување, а сите останати присутне веќе беа седнати кога влегов во Менада. Се изненадив кога чув дека се зборува на англиски јазик, што се должи на фактот дека за првпат на една Вики-средба присуствуваш странец, односно господинот Јержи Целиховски како претставник од Институтот за отворено општество од Будимпешта, кој случајно во моментот се наоѓал во Скопје, а беше дојден заедно со Филип Стојановски од Метаморфозис.

Главно, разговорот беше со гостинот и се однесуваше на сите работи поврзани со Википедија и особено Википедија на македонски јазик и развојот на Вики-движењето во Македонија. Интересно е тоа што тој беше доста заинтересиран, па така дискусијата лесно се продлабочуваше на сите теми за кои се разговараше. Најпрво се зборуваше за Викимедија Македонија и нејзината улога во промовирањето на проектите на Викимедија. Притоа, освен македонскиот, беа подвлечени и јазичните изданија на останатите јазици кои се зборуваат во Македонија. Како активности досега се спомена соработката со Метаморфозис, а се продолжи и со идните проекти кои се планираат, како проектот „Македонија на Википедија“ и вклучувањето на студентите од различни факултети во уредувањето на Википедија. Потоа, дознавме дека во Будимпешта господинот Јержи присуствувал на прославата на 10-годишнината од постоењето на Википедија таму и дека познава некои од унгарските Википедијанци. Се зборуваше и за различните проекти кои се спроведуваат со цел збогатување на слободните содржини, а се спомена и улогата на соработката со институциите во секторот ГЛАМ за остварување на таквите цели.

Во меѓувреме, јас и Arwena малку поразговаравме и околу можноста за организирање на настан за одбележување на уредувањето на сите статии поврзан и со археолошките локалитети во Македонија. Мојот предлог беше дека дури би било добро да се направи и каталог, но за таа цел ќе мора да се реализира проектот со обезбедување на фотографии од локалитетите, за кој имам зборувано и поодамна.

Филип и г. Јержи си заминаа порано, па понатаму продолживме со разговори за филмот, културата и уметноста. Brest, спомна за The No Pants Subway Ride, т.е. No Pants Day. Моравме да завршивме порано, бидејќи сите бевме во исчекување на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Шведска на европското првенство, па така се разделивме околу 18:30.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:30, 23 јануари 2012 (CET)

Следна вики-средба[уреди извор]

Не беше договорено ништо во врска со следната Вики-средба, но најверојатно истата ќе биде закажана за почетокот на месец февруари 2012.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:30, 23 јануари 2012 (CET)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј