Прејди на содржината

Википедија:Викисредба (6 октомври 2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се известуваат корисниците и соработниците на Википедија дека следната Вики-средба ќе се одржи на 6 октомври 2011 година во „Менада“ (Менада на google maps) во Старата скопска чаршија, во рамките на прославата по повод надминувањето на бројот од 50.000 статии на Википедија на македонски јазик. Настанот започнува со планираната Вики-средба во 18:00.

По завршувањето на Вики-средбата околу 20:00, предвидено е да има едночасовно интерактивно обраќање на Вики-заедницата кон претставници на медиумите, а потоа ќе продолжиме да се забавуваме.

Присуството го потврдија

[уреди извор]

Ве молиме додадете го Вашето корисничко име во продолжение доколку планирате да присуствувате на Вики средбата којашто ќе се одржи во рамките на прославата.

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 15:29, 4 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  2. За --FlavrSavr (разговор) 15:50, 4 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  3. За --brest (разговор) 17:01, 4 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  4. За --Brainmachine (разговор) 16:34, 5 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  5. За --Ivica83 (разговор) 21:25, 5 октомври 2011 (CEST)[одговори]
  6. За -- Бојан имаш за кажување? 14:14, 6 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Дискусија

[уреди извор]

Присутни

[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните Википедијанци и соработници:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Brainmachine (разговор придонеси)
  3. Boyan (разговор придонеси)
  4. FlavrSavr (разговор придонеси)
  5. ElenaSparrow (разговор придонеси)
  6. Brest (разговор придонеси)
  7. Arwena (разговор придонеси)
  8. Ivica83 (разговор придонеси)
  9. Баже
  10. Виктор од it.com.mk

Извештај од средбата

[уреди извор]

Уште пред почетокот на средбата се најдов со Brainmachine, со кого заедно се упативме кон Менада. Пристигнавме десетина минути порано, па го продолживме веќе започнатиот разговор на теми од областа на забавата на Интернет и медицината. Следен кој се придружи беше Баже, со кого се сретнав за првпат, а веднаш потоа нѝ се придружи и Бојан, кој се заинтересира и вклучи во медицинскиот разговор. Ги дочекавме и FlavrSavr, ElenaSparrow и Виктор, па во исчекување на останатите решивме да започнеме.

На почетокот сите се сложија дека достигнувањето на бројот од 50.000 статии претставува голем успех, но не и крај, туку само една преломна точка кон понатамошното уредување. Баже беше најмногу заинтересиран околу статистките на посетеност на статии и содржината на Википедија на македонски јазик, па во оваа прилика FlavrSavr спомена дека посетеноста на Википедија на македнски постојано расте и во последниот месец истата достигнала 5,8 милиони посети емсечно, што е одличен раст. Малку по малку, разговорот ја менуваше темата и се префрливме на темата за штрајкот на корисниците на Википедија на италијански јазик, кој беше поддржан со иницијатива за солидарност и од нашата Вики-заедница. Во тие моменти, се појави Brest, а кратко по него и Arwena и Ivica83, кој беше последниот кој пристигна на средбата.

Впечатокот беше доста поволен, со оглед на фактот дека одамна не сме имале толку многу присутни на една Вики-средба. Се продолжи со четрии одделни разговори истовремено, па не можеше точно да се следи она за што се разговара. Меѓу подобрите идеи, Arwena започна со составување на список на администратори и корисници по градови, кој би можел да послужи при организирањето на туристичко разгледување на некоја знаменитост во близината на односните градови. Разгледувањето би било бесплатно и би било со цел да охрабри некои од присутните да започнат со уредување на Википедија на она што го виделе. Повторно се обнови идејата и за организирање на проект, чијашто цел би била обезбедување на фотографии за збогатување на содржините на кои истите им се неопходни. Во тие рамки го споменав и проектот за збогатување на статиите со мултимедијални содржини на одделни теми, а Brainmachine додаде дека луѓето немаат трпение да читаат упатства и она што ни треба се видео-записи за начинот на уредување на Википедија. Кон ова, јас се надоврзав со можноста за создавање на Вики-работилница, која би била достапна на Интернет (на пр. Skype, IRC или Facebook) и би требало да ја раководат искусни корисници на Википедија, со цел да ги подучат и посоветуваат понеискусните корисници. Во меѓувреме, додека разговаравме на овие теми, поради обврски мораше да си замине Виктор.

Откако завршивме со темите поврзани со Википедија, продолживме повторно во повеќе групи на различни теми. По одредено време, нè напуштија Ivica83, Boyan, Arwena и Brainmachine, по што групата се намали и можевме сите да се вклучиме во еден разговор. Се разговараше за интересни воени случки од историјата и некои збиднувања кои ги искусиле дел од присутните. Околу 21:30 решивме да си заминеме.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:46, 11 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Следна вики-средба

[уреди извор]

Не беше утврдено кога точно да се одржи следната Вики-средба, но поради краткотрајната посета на Misos во Македонија, можно е да се закаже средба уште во текот на месецов.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:46, 11 октомври 2011 (CEST)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј