Википедија:Викисредба (3 септември 2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk.


Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Време на одржување[уреди извор]

Предлог термини за одржување на вики-средбата:

  • 3 септември 2010 година. Повеќето кои го најавиле своето присуство, го претпочитаат овој термин.
  • 4 септември 2010 година.

Место на одржување[уреди извор]

Можно место на одржување на средбата:

  1. Рибен ресторан - Крез Мак, во Аеродром, Острово, близу ОУ Браќа Миладиновци
  2. Пјаца Либерта, Скопје
  3. Новоотворениот Веро, кај Народна Банка, на спрат, пицерија Амато Коментар  Деновиве има многу гужва овде, така што сепак мислам дека оваа опција не е прифатлива.--brest (разговор) 22:11, 2 септември 2010 (CEST)[одговори]

Почеток и крај[уреди извор]

  • Средбата започнува во 19:00 часот.
  • Средбата заврши во 22:10 часот.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За Б. Јанкулоски
  2. За brest Коментар  Мене ми одговара во петок да се одржи средбата.(разговор) 15:58, 27 август 2010 (CEST)[одговори]
  3. За Виолетова (разговор) 10:42, 2 септември 2010 (CEST) Коментар  Може петок, може кај сакате, само да смее да се пуши :)[одговори]
  4. За FlavrSavr (разговор) 11:39, 2 септември 2010 (CEST) Коментар  Петок, Крезмак.[одговори]
  5. За Милош (разговор) 11:39, 2 септември 2010 (CEST)Проблеми :( --Милош (разговор) 10:45, 3 септември 2010 (CEST)[одговори]
  6. За Wikimk (разговор) 18:02, 2 септември 2010 (CEST) Коментар  Добро би било некој да го фиксира местото на одржување. За секој случај :-)[одговори]
  7. За Бојан имаш за кажување? 18:35, 2 септември 2010 (CEST)[одговори]
  8. За Kiril Simeonovski (разговор) 20:55, 2 септември 2010 (CEST) Коментар  Со оглед на тоа дека е 2 септември, ќе може ли некој да го потврди датумот на одржување на средбата.[одговори]

Диксусија[уреди извор]

Како што насетив од разговорите, средбата ќе биде одржана во рибниот ресторан Крезмак?!? -- Бојан имаш за кажување? 17:58, 3 септември 2010 (CEST)[одговори]

Да. Разговарав со Brest и тој ми потврди дека средбата ќе се одржи токму таму.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:07, 3 септември 2010 (CEST)[одговори]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Bjankuloski06 (разговор придонеси)
  2. Boyan (разговор придонеси)
  3. Виолетова (разговор придонеси)
  4. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  5. Wikimk (разговор придонеси)
  6. Brest (разговор придонеси)
  7. FlavrSavr (разговор придонеси)
  8. Ivica83 (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Во Крезмак, каде што конечно одлучивме да се одржи средбата пристигнав на време, но таму веќе беа Bjankuloski06, Boyan и Виолетова. Очекувајќи ги и останатите, опуштено разговаравме на различни теми. Особено задоволство ми претставуваше разговорот со Bjankuloski06, кој за прв пат присуствуваше на една Вики средба.

Откако дојдоа Wikimk, а кратко потоа и Brest започнавме отворен разговор за употребата на македнскиот јазик на Интернет, особено на проектите на Викимедја. Најактивен беше Bjankuloski06, кој впрочем има огромен придонес за бројот на статии на македнски не само на проектите на Викимедија, туку воопшто. Разговорот беше долг, а во меѓувреме ни се придружи и FlavrSavr. Заклучивме дека е добро уште веднаш да се обратиме кон надлежните органи и институции и да се обидеме да добиеме дигитални бази на податоци со содржини на различни теми, кои би можеле лесно да ги претвориме во корисни содржини на Википедија. Се обрна внимание и на односите кон медиумите и останатата јавност, со забелешка за подобра подготовка при контактите со нив во иднина.

Сепак, главното нешто по што ќе е памети средбата беше тоа што присутните се согласија да пристапат во Викимедија Македонија, пополнувајќи ги пристапниците за членство. Со тоа, локалниот огранок, официјално ги доби своите први членови, а едногласно се согласивме дека е најдобро пристапницата да биде достапна и во дигитална форма, со што заинтересираните би требало само да ја отпечатат, пополнат и испратат по пошта. Во продолжение, започнавме разговор за идните планови на огранокот и констатиравме дека е добро да организираме национална конференција, која во иднина би можела да прерасне во меѓународна. Беа разгелдани и можностите за учество на различни предавања, како и организирањето на различни проекти.

На средбата пристигна и Ivica83, со кого започнавме разговор за културата на однесување меѓу членовите на мејлинг листата. Остатокот од средбата помина во знакот на краткорочните активности на Википедија, а посебен акцент се стави на пополнувањето на „празните статии“ за години, за коишто се планира покренување на иницијатива во текот на месецот и се очекува голем број на корисници да се вклучат во неа. Сите станавме и си заминавме истовремено, кога на часовникот беше 22 часот и 10 минути.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:32, 4 септември 2010 (CEST)[одговори]

За следната средба[уреди извор]

Следната средба ќе се одржи на крајот на месец септември.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:32, 4 септември 2010 (CEST)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј