Википедија:Викисредба (4 јули 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006

Се закажува нова Вики средба за 4 јули 2009 од 12:00 во Тетово. Со согласност на некои корисници, беше одлучено да се направи промена и оваа средба да се одржи надвор од Скопје. Во случај да има пријавено помалку од пет корисници, Вики средбата се одложува за друг термин.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија.

Место на одржување на средбата: MADISON Launge, кафе бар спроти Домот на АРМ во Тетово.

Почеток и крај[уреди извор]

  • Средбата започнува во 12.00 часот во кафе бар MADISON Launge.
  • Средбата во ресторанот заврши околу 15 часот, после што беа посетени Беловишките водопади и продолжено со ручек/вечера во една тетовска пицерија.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. darko_gavro (разговор придонеси)
  2. MacedonianBoy (разговор придонеси) Коментар  Поради некои обврски не е сигурно моето присуство, но ќе ве известам на време.
  3. Wikimk (разговор) 14:02, 24 јуни 2009 (UTC) Коментар  За сега без превоз.
  4. --Р ашо 15:23, 24 јуни 2009 (UTC)
  5. --Kiril Simeonovski (разговор) 18:12, 24 јуни 2009 (UTC)
  6. --Виолетова (разговор) 14:07, 25 јуни 2009 (UTC) -Коментар  морам да откажам, во 19:00 вечерта имам трибина... нема да стигнам
  7. --brest (разговор) 11:30, 29 јуни 2009 (UTC) Коментар  можно е и моето присуство.--brest (разговор) 11:30, 29 јуни 2009 (UTC)
  8. Mikijaneski (разговор придонеси)

Диксусија[уреди извор]

А ќе има ли соопштение на фејсбук за средбава? И може ли да се отиде до Попова Шапка или до Беловишките водопади?--brest (разговор) 12:07, 29 јуни 2009 (UTC)

Дента не сум слободен цел ден така да јас не сум за на Шапка. --Никола Стојаноски 12:38, 29 јуни 2009 (UTC)

Ќе може ли да ни кажете поточно каде се наоѓа кафе барот, за каде е закажана средбата (на пр. обележете го на Google Earth)?--Kiril Simeonovski (разговор) 15:53, 2 јули 2009 (UTC)

Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:15, 2 јули 2009 (UTC)

Извештај од средбата[уреди извор]

Блиска средба со UFO во Тетово
А ги посетивме и прекрасните Беловишки водопади

Вики средбата започна во предвиденото време и место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. MacedonianBoy (разговор придонеси)
  2. Wikimk (разговор придонеси)
  3. Raso mk (разговор придонеси)
  4. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  5. Brest (разговор придонеси)

Ова беше првата Вики-средба одржана надвор од Скопје (со исклучок на Вики-излетот на Матка). Тетово и неговата околина, благодарение на Википедијанците MacedonianBoy и Raso mk беше одлично место за дружење и споделување на нештата на присутните Википедијанци.

По вообичаеното поздравување, средбата започна во опуштена атмосфера. Воведните теми на кои се разговараше и не беа толку поврзани со Википедија и сестринските проекти. Корисникот Brest, дојде нешто подоцна, па и тој се приклучи во опуштениот разговор.

Сепак, редно беше и да се проговори нешто поконкретно и за Википедија, како и за идните планови. Работниот карактер започна со анализа на сработеното во изминатиот временски период. Општ заклучок беше дека Википедија на македонски јазик добро напредува, но сепак потребна е поголема активност и подобра организација на работата, со што би можеле ваквиот напредок да го одржуваме и понатаму. Се разговараше кои работи може да се средат со бот, а за кои е потребно корисниците да работат. Беше предложено со бот да се уредат сите потребни категории кои не постијат, да се уредат страниците за разговор, со додавање на шаблоните кои посочуваат од која област е односната статија, како и да се уредат сите преостанати статии за години во одредени области кои преостануваат. За работата со ботови се навративме и на статиите за астрономски објекти, за кои е потребно преведување на имињата, откривачите и местата на откривање. Се разговараше и за одржувањето на предавање за работа со ботови, кои би требало да го одржи корисникот Brest, но сепак не се одреди термин. Кога сме веќе кај одржувањето на предавања, се спомена и предавањето за Википедија, кое ќе се одржи во повеќе наврати и на повеќе места, со цел да се популаризира Википедија на македонски јазик. Тоа би било полесно со основањето на здружението, а Brest ни соопшти дека во разговор со лице од ChapCom, дознал дека работата напредува. Се надеваме дека до крајот на летото, работата би можела да биде готова.

Но, сепак да се вратиме на другиот дел, а покрај работата со ботови, тоа се работите кои треба да ги извршат корисниците. Имаше предлог да дојде до поделба на активностите, кои корисниците ќе ги извршуваат на Википедија на македонски јазик. Пред сè, една група да се насочи кон квалитетно уредување, друга кон одржување на задоволителен пораст на бројот на статии, а трета да извршува одредени административни задачи. Идејата за координација на целиот проект преку Вики Проектите и формирање на посебни извршни одбори за различни активности беше само спомената, но не и доволно коментирана.

Покрај ова, по подолго време се разговараше и за другите проекти на Викимедија, пред сè проектите Викиизвор и Викикниги на македонски јазик, кои би можеле да бидат оживеани и збогатени со соодветни содржини.

Во план е и создавање на страница наменета за корисниците на Википедија, на која секој Википедијанец ќе може да ги остави основните податоци за себе, доколку тоа го сака.

По повеќе од 3 часа, присутните го напуштија кафулето, со што и официјално заврши оваа Вики средба. Неофицијално дружењето продолжи со прошетка низ градот Тетово и мал излет до Беловишките водопади во атарот на селото Беловиште. После излетот се продолжи со интерсни разговори во една тетовска пицерија. После што гостите од Скопје во самракот си заминаа од Тетово.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:03, 8 јули 2009 (UTC)

За следната средба[уреди извор]

Градот Тетово се покажа како одличен град-домаќин на првата Вики-средба одржана надвор од Скопје, а за тоа најмногу се заслужни корисниците од овој град. Добро е за Википедија на македонски јазик, што се започна со одржување на Вики-средби надвор од Скопје. Затоа, во план е наредната Вики-средба да се одржи во град во кој има активни Википедијанци. Пред сè, се мисли на градовите Штип и Струмица. Доколку се појави интерес кај корисниците, не само од овие градови, туку и од други кои не се наведени, да организираат Вики-средба, ќе ги замолиме да се погрижат за нејзина организација (да одредат датум, термин и место на одржување).--Kiril Simeonovski (разговор) 21:08, 8 јули 2009 (UTC)




Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј