Прејди на содржината

Википедија:Викисредба (26 ноември 2006)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викисредба I

 

Скопје, 26 ноември 2006

 
Викисредби
2026
LIX   LX   LXI   LXII   LXIII   LXIV
2025
LII   LIII   LIV   LV   LVI  LVII   LVIII

2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII   XLIV

2013
XXXVIII   XXXIX   XL   XLI   XLII

2012
XXV   XXVI   XXVII   XXVIII   XXIX   XXX   XXXI   XXXII   XXXIII   XXXIV   XXXV  XXXV  XXXV   XXXVI   XXXVII

2011
XXI   XXII  XXII   XXIII   XXIV   XXV

2010
XVI   XVII   XVIII   XIX   XX

2009
IV   V   VI   VII   VIII   IX   X   XI   XII   XIII   XIV  XIV   XV

2008
III  III

2007

2006

Како што веќе неколку луѓе споменаа, може да се договориме за прва „неофицијална“ вики средба. Предлагам да се видиме во недела, во 20:00, во Пјаца Либертас, спроти гимназијата Јосип Броз. Би требало да имаме некој минимален кворум за средбата, па пријавете се овде кој би дошол. --Милош 17:13, 24 ноември 2006 (UTC) П.С. Пиењето е на ваша сметка :) --Милош 19:39, 24 ноември 2006 (UTC)

  1. --Милош 17:13, 24 ноември 2006 (UTC)
  2. --FlavrSavr 17:27, 24 ноември 2006 (UTC)
  3. --Boyan 17:34, 24 ноември 2006 (UTC)
  4. --Arwena 20:37, 24 ноември 2006 (UTC)

ОК, има кворум! --FlavrSavr 18:46, 25 ноември 2006 (UTC)

Впечатоци и заклучоци

[уреди извор]

дојдоа: Милош, FlavrSavr, Boyan, Arwena + двајца претставници од Слободен софтвер Македонија

Во ред, крајно време беше после повеќе година заедничка работа, да се сретнеме, така што оваа средба од старт е успех! Се запознавме, испивме едно-две пива, евоциравме лоши и (претежно) добри спомени од нашето искуство на Википедија, и се договоривме за некои работи. Општ заклучок е дека сите си поминаа супер. Друго:

  • Треба да се работи на поголема веб-промоција на Википедија, да привлечеме нови корисници. Тоа конкретно значи дека јас, во најскоро време што можам, ќе изработам еден промотивен пакет од најразлични веб-банери, копчиња и слично (анимирани и неанимирани), па потоа тоа би им се испратило на поголемите веб-сајтови во Македонија, би се користеле по вашите блогови, итн. итн.
  • Потребна е подобра комуникација и координација помеѓу корисниците кои се секојдневно тука (тоа ги вклучува и администраторите) - има повеќе начини: активирање на ИРЦ каналот на македонската Википедија - #wikipedia-mk, ваше зачленување во мејлинг листата, користење на IM messenger-и итн. (мојот Y! и Gtalk акаунт е slobodanjakoski)
  • Преведување на Википолитиките и упатствата е исто така потребно. Тука не падна конкретен договор, но очекувам да се договориме во следниов период по горенаведените методи на комуникација.
  • Претставниците од Слободен софтвер Македонија не информираа дека во рамките на проектот Сподели знаење, на Електротехничкиот факултет добиле термин и просторија во вторник навечер, кој во иднина би можел да се користи за организирање на еден или повеќе Википедија семинари, работилници, итн. --FlavrSavr 20:45, 27 ноември 2006 (UTC)

Има тука и повеќе да се додаде (како на пр. можниот проект на Милош со студентите од ПМФ), но би сакал и другите присутни на средбата да го кажат својот збор. Во иднина, ќе има и други средби - мојот предлог за почеток, е минимум една средба на три месеци, со тенденција за зачестување на средбите. --FlavrSavr 20:45, 27 ноември 2006 (UTC)

Стана збор на оваа средба за промоција на Википедија кај останантите читатели и можеби идни корисници.

Би сакал да напишам текст ,,Вклучи се на Википедија" кој би го поставила кај мене на блог, за да се привлечат и други корисници кои би придонеле со свои текстови.

За да можат да го линкаат другите, треба да биде краток, прецизен, концизен и разбирлив. Не сакам да го напишам сама, бидејќи е ова заеднички проект. Затоа барам соработка од корисниците да го кажат своето мислење, што би требало да стои во овој промотивен текст? --Arwena 22:10, 27 ноември 2006 (UTC)

Јас се слагам со FlavrSavr, средбата помина одлично, во опуштена атмосфера, имаше дуир и конструктивен дел :) Мое мислење за темите:
  • „Пропанганден материјал“ ни треба што е можно побрзо. FlavrSavr кога ќе ги заврши банерите ќе го пратиме до повеќе сајтови како он.нет, идивиди и сл. Арвена, до каде стигна со текстот за Википедија? Повторно мислам дека FlavrSavr може доста да ти помогне. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
  • И јас се залагам за подобра комуникација меѓу уредниците. Ирц каналот е отворен за сите, и мислам дека во комбинација со маилинг листа би бил одличен начин за координација на проектов. Anyway, мојата гугл сметка е misoss, слободно додадете ме. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
  • Дечките од слободен софтвер се расположени да ни отстапат термин, треба ние да договориме кога и за што би збореле. Повторно, потребни ни се идеи. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
  • Проектот со студентите од Институтот за Информатика веќе започна, денес ја одржив првата презентација за Википедија. Во теков на денот ќе отворам некаква страница за проектот, и ќе ја поставам презентацијата што ја користев. Мое мислење е дека помина солидно, имаше доста заинтересирани луѓе (нормално, и незаинтересирани :)), ќе видиме во следниот период дали сум успеал во мисијата. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
  • Средби би било добро да имаме од еднаш месечно до еднаш на три месеци. Следната средба ќе гледаме да ја најавиме порано, преку SiteNotice, за сите корисници да знаат. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
  • На средбата веќе кажав, јас и FlavrSavr сме поканети на регионалната Википедија средба во Белград, на 16-17 декември. Меѓу другото, имаме доделено термин од 1 саат за презентација на нашата заедница. Има ли некој друг заинтересиран да оди и идеи што би можеле да кажеме таму? Само за информација, ќе презентираат Florance, Delphine (од Викимедија фондација), Oscar (од холандската заедница, еден од девелоперите), хрватската, словенската, бугарската и нормално, српската заедница. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)

Воглавном тоа е основата на состанокот, сега останува уште Boyan да каже свое мислење :) --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)

А што да кажам уште? ;-) Средбата беше одлична, разговаравме за сè она погоре наведеното. Ќе се потрудам и јас да привлечам луѓе кои би пишувале константно тука (а и досега сум се трудел). Инаку, за средбата во Белград навистина ми е жал што нема да можам да присуствувам, како од факултетски, така и од некои други добри причини ;-) Се сложувам и јас да се среќаваме почесто (и како веќе запознаени) да ги изложуваме нашите ставови и мислења во полза на развојот на македонската Википедија (секако, и со нови Википедијанци) ;-) Boyan 13:52, 28 ноември 2006 (UTC)

како дел од мојот медиумски ангажман за Википедија, веќе е поставен банер на порталот http://bloger.com.mk/ (= http://macedonianblog.com/). Бидејќи истата персона е газда и на http://alibi.com.mk/, се согласи да постави и таму веќе изработен банер, кој ќе одговара на димензиите на порталот.

Arwena 15:14, 28 ноември 2006 (UTC)

За тие што ги интересира, е презентацијата што ја користев денес. --Милош 14:50, 28 ноември 2006 (UTC)

На мојот блог http:arheo.macedonianblog.com/ поставив еден текст со наслов ,,Вклучи се на Википедија". Би сакала да го чујам и вашето мислење.

Arwena Јас дури сега забележав дека сте се договориле за средба и сте ја одржале. Супер, но следниот пат најавете со подолг временски интервал за да можат да присуствуваат и повеќе заинтересирани. Да дознаев навреме и јас веројатно ќе дојдев, ама ајде следниот пат :) (Zdravko 16:10, 28 ноември 2006 (UTC))

Голем поздрав за првата средба од еден прастар админ! Со малку среќа и позитивна атмосфера, набрзо ќе видите и понекој нов пост или едит од мене. Колку за поддршка и доддршка. :) Ivica83 03:38, 29 ноември 2006 (UTC)

Викисредби низ светот
Африка: Александрија  Кејптаун
Америка: Бостон  Далас/Фортнорт  DC  Јута  Калгари  Конектикат  Лос Анџелес  Мајами  Минеаполис  Монтреал  Њујорк  Остин  Отава  Питсбург  Провиденс  Сан Франциско  Сиетл  Торонто  Филаделфија  Феникс
Азија: Бангалор  Дака  Манила  Себу  Сингапур  Тајнан  Тајпеј  Техеран  Токио  Џакарта  Шангај
Европа: Босна и Херцеговина  Бугарија  Велика Британија (Лондон)  Данска  Германија  Единбург  Ирска  Лион  Македонија  Норвешка  Србија  Хрватска  Чешка  Шведска
Океанија: Аделаида  Бризбејн  Канбера  Мелбурн  Њукасл  Окленд  Перт  Сиднеј