Википедија:Викисредба (15 август 2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Превод на статија  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Начела и напатствија

Селска чешма (Village pump)  · Потребни статии  · Инкубатор  · Кандидати за избрана статија (Ревизија)  · ВикиПроекти  · Викисредби  · Facebook icon.svg Facebook  · Twitter.svg Twitter

Одржување  · Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се известуваат корисниците и соработниците на Википедија дека следната Вики средба ќе се одржи на 15 август 2011, со почеток во 18:00.

  • Место на одржување на средбата: Менада, Скопје.

Предлог дневен ред[уреди извор]

Земајќи ги предвид случувањата по одржувањето на последната Вики средба, на дневен ред би требало да бидат разгледани следните точки:

  1. Викиманија 2011.
  2. Минимална содржина на една статија.
  3. Достапни слободни содржини во електронски облик.
  4. Работа со бот.
  5. Википедија во образованието.

Ова е само предлог дневен ред, па сите коментари и додатни предлози се добредојдени и соодветно ќе бидат додадени.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 22:53, 11 август 2011 (CEST)
  2. За --Arwena (разговор) 00:20, 12 август 2011 (CEST)
  3. За -- Бојан имаш за кажување? 12:49, 12 август 2011 (CEST)
  4. За --FlavrSavr (разговор) 12:48, 13 август 2011 (CEST)

Дискусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време во Менада, но кратко потоа по заемна согласност на сите присутни се продолжи во Галерија 8. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Boyan (разговор придонеси)
  2. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  3. FlavrSavr (разговор придонеси)
  4. Arwena (разговор придонеси)
  5. Brest (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Морам да признаам дека пристигнав малку подоцна, но забележав дека присутен беше само Бојан, кој чекаше пред Менада, па веднаш решивме да седнеме и да ги почекаме другите. Накратко започнавме да разговаравме околу моите впечатоци за Викиманија и воопшто за Израел, а подоцна продолживме со сето она што се случуваше на Википедија на македонски јазик во последно време, како и во врска со Википедија на социјалните мрежи. Ни се придружија и Arwena и FlavrSavr, со што се создаде потребната атмосфера и веќе бевме подготвени вистински да започнеме.

Прво и главно беше за Викиманија, што всушност и беше предвидено според предложениот распоред. На овогодинешната конференција која се одржа во Хаифа, присуствувавме јас и FlavrSavr. По неколку кажани зборови, разговорот продолжи кон некои идни проекти кои би требало да ги реализираме, а за кои посебен интерес пројави Arwena. Имено, идејата е да се организира група, која ќе патува низ цела Македонија и ќе ги фотографира сите објекти кои претставуваат културно наследство. Уште веднаш, ова го поврзавме со проектот Wiki Loves Monuments, кој зазема се пошироки размери, а е со слична содржина и цел. Не се донесе некое конкретно решение, освен тоа дека е добро да се има предвид некој ваков проект. Меѓудругото се разговараше и за неопходноста од соработка со образовните институции, а понатаму продолживме и со уште една точка од дневниот ред, а тоа е за минималната содржина која треба да ја поседува една статија. Ставот на FlavrSavr беше дека на Википедија на холандски јазик одамна постои правило, според кое, секоја статија мора да содржи најмалку три информации. Се чинеше дека има уште многу работи за кои треба да се разгивара, па на предлог на Arwena, ја напуштивме Менада и се упативме кон безистенот, каде што откако најпрво прошетавме, седнавме во Галерија 8.

Следната тема која ни падна на памет беше всушност навраќање на секој детал од Викиманија, а уште на почетокот не прекина Brest, кој последен ни се придружи. Раскажвме сè во врска со нашата авантура во Израел, па се префрливме на разни теми. По нешто се кажа за Џими Велс и неговата улога, како и за односите меѓу Фондацијата и локалните ограноци. Се споменаа и останатите точки од предлог-дневниот ред, па така во поглед на работата со бот, општ заклучок е дека недостасува таквата помош, што најмногу се огледа од отсуството на избраните слики и мултимедијални содржини од главната страница. Решението се поврза со активностите во образовните институции и можноста за вклучување на студенти кои би ја извршувале истата задача. Околу обезбедувањето на слободните содржини во електронски облик, јасно е дека треба самите да работиме повеќе, а не да чекаме сами некој да ни ги понуди. Кога завршивме беше околу 21:40, по што направивме неколку фотографии и си заминавме.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:08, 16 август 2011 (CEST)

Следна вики-средба[уреди извор]

Не се разговараше за одржувањето на следната Вики-средба, но следејќи го досегашното правило, истата би требало да се одржи во првата половина на следниот месец.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:08, 16 август 2011 (CEST)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј