Википедија:Викисредба (20 јуни 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Вики средби
2017
XLVI

2014
XLIV  • XLV

2013
XXXIX  • XL  • XLI  • XLII  • XLIII

2012
XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV  • XXXVI • XXXVI • XXXVI  • XXXVII  • XXXVIII

2011
XXI  • XXII • XXIII  • XXIV  • XXV  • XXVI

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I

Се закажува нова Вики средба за 20 јуни 2009 од 10:00 на Матка. Со согласност на некои корисници, беше одлучено да се направи промена и оваа средба да се одржи во природа, која пред сè ќе има за цел да овозможи дружење меѓу присутните, кои заедно соработуваат на Википедија. Овој пат, не сме ограничени со споделување на коментари за конкретни теми, но сепак се надевам дека ваквото нешто нема да се избегне и сепак ќе се отвори разговор за некоја интересна тема.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија.

Место на одржување на средбата: Матка, ресторан кај манастирот.

Почеток и крај[уреди извор]

  • Средбата започнува во 10.00 часот во ресторанот кај манастирот на Матка.
  • Средбата заврши околу 16 часот, по што Википедијанците дружењето го продолжија во ресторанот Ореов лад, по што се вратија во Скопје.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 11:45, 14 јуни 2009 (UTC)
  2. За --Милош (разговор) 21:43, 14 јуни 2009 (UTC) Имам и автомобил, значи може +4 со мене. Што стана со „проширено“ друштво, и турата на Арвена?
  3. За --Виолетова (разговор) 21:56, 14 јуни 2009 (UTC) Само ако има превоз за мене :)
  4. За --brest (разговор) 22:52, 14 јуни 2009 (UTC) Коментар  Јас ќе дојдам со автомобил, па може да пренесам +4 човеци, место на тргнување? време на тргнување 9:30 часот (мислам дека за 1/2 час стигнуваме на Матка). Молам сите заинтересирани да дојдат со моето ПМВ да се стават во некоја листа подолу и евентуално да предложат место од кое би се тргнало. Јас ќе се обидам исто така да пуштам најскоро соопштение на соодветните кориснички страници за разговор до активните википедијанци кои во последно време уредувале, со што на некој начин и лично би ги поканиле. Оние моабети во врска со ангажманот на Arwena мислам дека доколку Arwena го чита ова би требало таа да ги искоментира, доколку не го чита ова тогаш нека некој лично исконатактира со неа.
  5. За --Arwena (разговор) 09:52, 14 јуни 2009 (UTC) Јас сум начелно заинтересирана, секако доколку не ми испадне некоја непланирана обврска поради која би го откажала пријатното дружење. :) Кога ќе успеете да се договорите, ве молам известете ме на мејл, бидејќи некои денови од неделава ќе бидам отсутна од државава.
  6. За --Wikimk (разговор) 13:13, 15 јуни 2009 (UTC)
  7. За --Boyan (разговор) 14:08, 15 јуни 2009 (UTC) За жал, нема да можам да дојдам, ќе бидам надвор од Скопје. Бојан (разговор) 15:40, 19 јуни 2009 (UTC)

Превоз со ПМВ[уреди извор]

Листа на патници со ПМВ на brest[уреди извор]

  1. brest, јас сум возач и ќе тргам од дома (близу нова Железничка станица) а останатите нека предложат каде им одговара, по можност да биде на пат за Матка.
  2. Kiril SimeonovskiКоментар  Се надевам дека нема да има проблем.
  3. Wikimk (разговор) 13:13, 15 јуни 2009 (UTC) Коментар  Еве уште еден кандидат.
  4. Boyan (разговор) 14:13, 15 јуни 2009 (UTC) Ќе се слушнеме по мобилен за да се најдеме (доколку има проблем).За жал, нема да можам да дојдам, ќе бидам надвор од Скопје. Бојан (разговор) 15:40, 19 јуни 2009 (UTC)

Листа на патници со ПМВ на Милош[уреди извор]

  1. Милош, возач, +1.
  2. Arwena
  3. Виолетова
  4. FlavrSavr

Јавен превоз[уреди извор]

До Матка ми се чини сообраќаше и линија 12, со релативно добра фреквенција, така да може да се разгледа и оваа алтернатива за превоз.

Не можат да присуствуваат[уреди извор]

--Р ашоAero-stub img.svg 21:05, 14 јуни 2009 (UTC)Коментар Значи ли ова дека плановите за вики средба на 4 јули во Тетово пропаѓаат.

Коментар  Плановите за 4 јули, за средба во Тетово/Тетовско мислам дека остануваат и јас силно ги подржувам.
  • --Wikimk (разговор) 16:02, 19 јуни 2009 (UTC) Коментар  Работа во трета смена и рокови. Sorry. :-( Се надевам дека летово ќе се организира барем уште една средба од овој тип.

Диксусија[уреди извор]

Внимание: поради одалеченоста од сите градови во Македонија (вклучувајќи го и градот Скопје), се јавува потребата за организација на превоз до Матка. Сега за сега на располагање имаме еден автомобил, а тоа е оној на Brest. За да не дојде, до поголеми трошоци, ќе ве замолам да се организираме и со неколку автомобили да заминеме за Матка, со што би ги намалиле трошоците, а и би започнале со дружењето уште по пат. Ќе ве замолам, ако може за ова да дискутираме во оваа секција.

Јас предлагам дека е добро сите заинтересирани да се пријават и кои се во можност да наведат, дали се во можност со автомобил да извршат превоз до Матка и назад. Така, патните трошоци би ги поделиле на повеќе лица. Ова важи за сите градови во Македонија, доколку има интерес на повеќе корисници да присуствуваат на средбата. Поради тоа што, се планира во 10:00 да се биде на Матка, добро ќе биде, во секој град, пред поаѓањето да се договориме да се најдеме со автомобилите на некое место, на кое би се запознале, распоредиле за пат и би тргнале до целното место.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:45, 14 јуни 2009 (UTC)

Фејсбук[уреди извор]

Погоре прочитав за желбата да има посетеност на средбата. Што велите ова да го соопштиме на каузата на Фејсбук и да отвориме посебна страница на настанот за да имаме предвид колкав е интеересот за присуство на овој „вики излет“?--Kiril Simeonovski (разговор) 10:13, 15 јуни 2009 (UTC)

Па да, што чекаме, може. --brest (разговор) 13:07, 15 јуни 2009 (UTC)

Извештај од средбата[уреди извор]

Вики средба / излет, Матка, 2009.06.20 (сабота), спас под дебела сенка.

Вики средбата започна во предвиденото време и место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. brest
  2. Виолетова
  3. Kiril Simeonovski
  4. Милош
  5. Arwena

Оваа средба немаше работен карактер, туку претставуваше излет во прекрасната природа покрај Езерото Матка, дружење и можност за релаксација од секојдневните обврски. Бидејќи местото на одржување беше надвор од Скопје, потребно беше време да пристигнеме и да се состанеме. Превозот беше организиран со две патнички возила. По малите проблеми по пат и со мало задоцнување пристигнавме на Матка и го започнавме нашиот прв Вики излет. Не зачуди тоа што на договореното место немаше ниту еден од потенцијалните гости, кои на социјалната мрежа Фејсбук се пријавија дека ќе дојдат. Но сепак и покрај бројните откажувања присутните википедијанци продлжија до дружење.

Средбата започна околу 11 часот со вообичаеното поздравување. Првата тема не можеше а да не биде поврзана со Википедија и беше околу здружението, коешто настојуваме да го основаме. Имаше неколку гледишта. Едното беше на корисникот Kiril Simeonovski, дека здружението мора да се основа во најкраток можен рок, со што би испратиле позитивен знак до фондацијата и со што би можеле да добиеме дозвола за работа како нивен локален огранок. Идејата беше дека подобро би било доколку веќе постоиме да преговараме, бидејќи така и од фондацијата би можеле полесно да добиеме дозвола. На ова се надополни и Arwena, која предложи да се основа здружение, кое не мора да го носи името Викимедија Македонија, па по завршувањето на преговорите и евентуалното одобрение, да се преименува. Второто гледиште беше на Brest, кој предложи да се почека да заврши летото, па потоа да се размислува поинаку, но по предлогот на Arwena и тој се согласи дека ова основањето на независно здружение со друго име не е лоша идеја. Во овој разговор се разговараше и за можните извори на финансиски средства и целата постапка за нивно барање.

Откако станавме од ресторанот, во кој седевме и разговаравме, полека се впуштивме во прошетка и разгледување на местото, при што Arwena ја имаше улогата на водич. Околу 12:20, неколку од присутните го започнаа своето триесетминутно доживување на кајче. По 12:50, Википедијанците продолжија во прошетка, при што имаше различни планови за што понатаму.

Како одминуваше времето, така облаците го помрачуваа небото, видливоста слабееше, а дождот се очекуваше. По посетата на црквата Св. Богородица, групата ја напушти Матка и се упати кон ресторанот „Ореов Лад“ на влезот/излезот на градот Скопје. Дружењето продолжи и на ова место, на кое повторно се отвори разговор за Википедија. Имено се разговараше за можноста Википедија на македонски јазик да се збогати со нови статии за краток временски период. Тоа би биле статии за книги и археолошки наоѓалишта. Brest на кратко спомена и за можното одржување на семинарот за работа со ботови.

По напуштањето на ресторанот, поделената група се врати во Скопје, со што првиот Вики излет и официјално заврши.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:33, 27 јуни 2009 (UTC)

Следната вики средба би била одржана евентуално во Тетово, доколку има заинтересирани. А богами се размисува и за прва вики журка во скоро време.

Кои се википедијанците на фотката горе? --Brainmachinewtf? 14:10, 23 јуни 2009 (UTC)
Кој сака да го знаат сите - нека си каже сам за себе :) п.с. сметам дека сликава не е најсреќно избрана - треба да има и поубави --Виолетова (разговор) 15:12, 23 јуни 2009 (UTC)
Да, се согласувам. И јас мислам дека имаше подобри фотографии. Мислам дека заедничката би била најдобра за овде, а добро ќе биде и на Фејсбук да оставиме неколку фотографии.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:55, 23 јуни 2009 (UTC)
Ок, a stab in the dark, :) Луѓе, сакам да ве запознаам :D Би било добро да ви одомаќинам една вики-средба овде, во Штип. Или евентуално да дојдам на некоја од скопските. --Brainmachinewtf? 09:49, 24 јуни 2009 (UTC)
Со твоја помош се надевам дека ќе организираме нешто во Штип до крајов на летово. :-) Поздрав, Wikimk (разговор) 10:13, 24 јуни 2009 (UTC)

За следната средба[уреди извор]

Уште пред пристигнувањето на Матка, а и во разговорите се разговараше за идната Вики средба, која ќе се одржи на 4 јули 2009 во Тетово. Општо мислење беше дека сè уште е рано да се донесат конечни одлуки околу присуството на оваа средба, но јасно беше дека интересот е голем, особено поради можноста за лично запознавање со корисникот Raso mk, кој ќе дојде од Германија и ќе присуствува на средбата. Во план беше да се замолат сите корисници, кои живеат во Тетово или неговата околина да одредат термин и место на одржување на средбата, како и да се погрижат за организација на средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:33, 27 јуни 2009 (UTC)


Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј