Википедија:Викисредба (2 март 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Следната редовна вики средба ќе се одржи на 2 март 2012 година со почеток во 20:00 во кафулето Every Day, Бизнис центар Меги, Аеродром, (види како може да стигнеш до таму: http://g.co/maps/qq7q5). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата.

Предлог дневен ред[уреди извор]

Што требаше да направиме, што направивме, што ќе правиме.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. Yes check.svgОк --brest (разговор) 10:00, 28 февруари 2012 (CET)
  2. Yes check.svgОк--Kiril Simeonovski (разговор) 22:33, 28 февруари 2012 (CET)

Можеби ќе присуствуваат[уреди извор]

Дискусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна со мало задоцнување на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Brest (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

На оваа средба пристигнав со задоцнување и го затекнав Brest, којшто веќе беше пристигнал. Поради тоа што немаше најави за присуство на други Википедијанци, уште веднаш започнавме со разговори поврзани со Википедија и идните проекти на Викимедија Македонија.

Со мене понесов три примероци од прирачникот за употреба на Вики софтверот, кој го изработија членовите на Викимедија Македонија во соработка со Метаморфозис, па најпрво коментиравме околу неговата содржина и тоа дека е обемен и не ветува дека некој би обрнал внимание на неговата содржина во напорите да се запознае со уредувањето на Википедија. Она што ни е потребно е кратка книшка на која ќе бидат прикажани основите на уредувањето, а прирачник во овој облик би бил погоден за професорите кои со своите ученици би биле заинтересирани да се вклучат во збогатувањето на Википедија на македонски јазик. Понатаму, продолживме со предавањата и обуките кои ни претстојат, односно предавањето на Штуловиот универзитет, обуката која треба да им се одржи на студентите по историја, како и активностите во тој поглед на Економскиот факултет.

Следуваше долг разговор за еден мој предлог во врска со започнување на проект за поставување на QR кодови на можните места низ Македонија. Заклучивме дека поради забраната за употреба на фотоапарати во музеите, тоа не би било изводливо да се направи со изложените предмети во нив, но дека би можело да успее во врска со знаменитости, споменици и во зоолошките градини. Идејата е и да се поттикне и уредување на статии во врска со објектите за кои нема статии на нашата Википедија, а на кои се планира поставување на вакви кодови. На почетокот би требало да стапиме во контакт со надлежните институции и доколку има интерес за остварување на еден ваков проект, да се продолжи со следните чекори. Заклучивме дека е потребна улична работа, за што е неопходна поголема активност на членовите на Викимедија Македонија и дека добра основа би било прифаќањето на проектот „Македонија на Википедија“. Откако веќе се спомена овој проект, кажавме по збор два и за него, а се позанимававме и со бројките, т.е. користите кои би ги имала Википедија од неговото спроведување.

Отворивме и една интересна тема во врска со согледувањето на Википедија меѓу младите и општо говорниците на македонскиот јазик, при што се согласивме дека културата на заштита на Википедија на македонски јазик е на премногу ниско ниво, што се огледува и преку бројните скојдневни вандализирања на нејзините содржини. До крајот се спомена и изготвувањето на извештаи од присуството на конференциите од страна на членовите на Викимедија Македонија и поголемиот ефект од нивното составување за време на самото одржување на конференциите, кога информациите се најсвежи, наместо временското задоцнување од неколку седмици или месеци. Се разделивме и си заминавме околу 22 часот, кога завршивме со она што имаше да се каже.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 5 март 2012 (CET)

Следна вики-средба[уреди извор]

Посветивме внимание на редовното одржување на Вики-средбите и решивме тоа да биде првиот или последниот четврток во месецот. Исто така, заклучивме дека честото откажување на средбите можеби создава несигурност кај некои корисници во нивната одлука да присуствуваат, па затоа е најдобро да се избегнува откажувањето и одложувањето на средбите поради незаинтересираност и да се изгради традиција во нивното одржување.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 5 март 2012 (CET)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј