Википедија:Викисредба (21 август 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се известуваат корисниците на Википедија на македонски јазик дека следната Вики-средба ќе се одржи на 21 август 2012 во просториите на хаклабот КИКА (google maps) во Скопје, со почеток во 19:30. Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 13:19, 19 август 2012 (CEST)
  2. За --FlavrSavr (разговор) 18:06, 20 август 2012 (CEST)
  3. --brest (разговор) 19:52, 21 август 2012 (CEST)

Не може да присуствуваат[уреди извор]

Дискусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. FlavrSavr (разговор придонеси)
  3. Brest (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Кога пристигнав во КИКА, Цобе веќе беше таму, а кратко потоа пристигна и Димче, по што одлучивме да започнеме со средбата. Најголемиот дел од времето поминато беше посветено на употребата на стручните поими од областа на информатиката, за коишто имаше гласање и дискусија на Википедија на македонски јазик во врска со нивната соодветна примена. Се зборуваше во врска со тоа што треба да се има на ум при утврдувањето дали одреден збор е посоодветен од друг или не. Во врска со Поимникот на Министерството за информатичко општество на Република Македонија беше изнесено мислењето дека не е совршен и дека неговата примена не е задолжителна на Википедија на македонски јазик, од проста причина што не е донесен од страна на Институтот за македонски јазик. Имаше различни мислења во врска со ова прашање, како бројот на добиените резултати од неговото прелистување, прифатеноста од страна на некоја врховна јазична институција, честотата на споменување во литературата на македнски јазик, но и можноста да се вклопи во духот на македонскиот јазик. Разгледавме и дигитален речник на македонскиот јазик со објаснувањата за одредени поими во него. Понатаму, напраивме и споредба на другите јазични изданија на Википедија и правилата коишто се употребуваат таму во сличните ситуации, па за клучивме дека не може да се направи целосна споредба, најмногу поради тоа што постојат јазици во кои постојат различни прифатени стандардни норми. Сепак, она што заклучивме дека можеби е и најдобро решение е да се наведуваат повеќе различни поими со едно исто значење, со што во најголема мера би се задоволила правдата.

Откако го завршивме долгиот разговор во врска со претходната тема, продолживме со достигнувањето на бројакта од 60.000 статии и работи што главно ја засегаат Викимедија Македонија. Така, поразговаравме за можноста за организирање настан на којшто ќе поканиме гости по повод надминувањето на 60.000 статии на Википедија на македонски јазик, но вавката идеја не беше оценета позитивно и беше одложена за некој следен јубилеј, што не мора да биде надминување на бројка на статии. Споменавме и за повторното барање на Википедија на англиски јазик за додавање на врска кон главната страница на Википедија на македонски јазик, иако едногласно се согласивме дека тоа е подобро да не се прави веднаш, туку по уредувањето на следните 2-3 илјади статии. Во продолжение, разговаравме за идната соработка со образовните институции во Македонија и нивниот придонес кон Википедија, а исто така и за можната соработка со некои институции од секторот ГЛАМ. Јас и Цобе се сложивме Димче да биде официјален претставник на Викимедија Македонија во Асоцијацијата на локални ограноци, иако тој не беше сигурен дали новосоздадената асоцијација воопшто ќе започне со работа. Хаклабот го напуштивме околу 21:15 минути.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:47, 24 август 2012 (CEST)

Следна вики-средба[уреди извор]

Следната Вики-средба ќе се одржи на истото место по точно една седмица.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:53, 24 август 2012 (CEST)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј