Википедија:Викисредба (4 август 2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Превод на статија  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Начела и напатствија

Селска чешма (Village pump)  · Потребни статии  · Инкубатор  · Кандидати за избрана статија (Ревизија)  · ВикиПроекти  · Викисредби  · Facebook icon.svg Facebook  · Twitter.svg Twitter

Одржување  · Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се закажува нова Вики средба за 4 август 2010 во 19:00 во Скопје.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија.

Место на одржување[уреди извор]

Место на одржување на средбата: Пјаца Либерта, Скопје.

Почеток и крај[уреди извор]

  • Средбата започнува во 19:00.
  • Средбата заврши во 23:30.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 20:51, 28 јули 2010 (CEST)
  2. За --Милош (разговор) 09:53, 29 јули 2010 (CEST)
  3. За --Brainmachine (разговор) 17:24, 29 јули 2010 (CEST)
  4. За --Arwena (разговор) 16:21, 30 јули 2010 (CEST)
  5. За -- Бојан имаш за кажување? 23:29, 31 јули 2010 (CEST)
  6. За --FlavrSavr (разговор) 19:36, 3 август 2010 (CEST)

Диксусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. FlavrSavr (разговор придонеси)
  2. Misos (разговор придонеси)
  3. Boyan (разговор придонеси)
  4. Виолетова (разговор придонеси)
  5. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  6. Brainmachine (разговор придонеси)
  7. Brest (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Пред одржувањето на средбата, се најдов со Brainmachine, со кого прошетавме и поразговаравме на различни теми, пред да отидеме во Пјаца Либерта. Кога пристигнавме беше 19 часот и некоја минутка, а таму веќе беа и не чекаа FlavrSavr, Милош, Boyan и Виолетова. Седнавме и се вклучивме во разговорот кој немаше врска со Википедија, туку беше отворен и пријателски за кој сите бевме заинтересирани.

Првата тема поврзана со Википедија на којашто разговаравме беше Викиманија 2010, којашто се одржа во Гдањск, а на којашто присуствуваше FlavrSavr. Неговите изнесени впечатоци беа одлични. Зброуваше и за средбата со Џимбо Велс и неговите совети кои ни ги дал за понатамошен напредок. Поради одличната можност за претставување на нашите проекти и можноста да се запознаеме со другите корисници од проектите на другите јазици, отворено беше истакнато дека би било добро доколку догодина испратиме барем двајца претставници на Викиманија. Од средбата со Џимбо Велс, FlavrSavr не извести и дека се разговарало за техничко средување на статиите и категориите кои во своите имиња ги содржат буквите „а“ и „ј“, кои се разликуваат на кирилица и латиница, иако исто се пишуваат.

Откако завршивме со Викиманија, констатиравме дека на Википедија немаме некои посериозни технички проблеми, па повторно започнавме разговор на подалечни теми. Времето минуваше, па не знам колку точно беше часот, кога ни се придружи и Brest. Со него, с онстатираа неколку работи во врска со Викимедија Македонија, по што се продолжи опуштениот разговор на различни теми. Први средбата ја напуштија FlavrSavr и Милош, а малку подоцна не напушти и Boyan. Останатите продолживме со долгите и опуштени разговори, сè до 23:30, кога се разделивме.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 5 август 2010 (CEST)

За следната средба[уреди извор]

Наредната средба ќе се одржи на 4 септември 2010 година, но со оглед на тоа што во Македонија во текот на август ќе пристигне еден многу активен Википедијанец од Нов Зеланд, постои можност следната Вики средба да се одржи и порано.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:22, 7 август 2010 (CEST)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј