Википедија:Викисредба (1 октомври 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.


Википедија:Викисредба/Содржина

Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL
  • Се закажува 13. вики-средба на 1 октомври 2009 година.
  • Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија.
  • Место на одржување на средбата: Скопје, Прво Пензиско Друштво, спроти раскрсницата кај мостот Гоце Делчев, кај Македонска пошта. google maps 41.999185,21.428677
  • Средбата започнува во 16:00 часот.

Дневен ред[уреди извор]

  • Разгледување на сите случувања и новости во периодот по последната Викисредба.
  • Расправа и предлог активности по повод резолуцијата на WMF, со која Wikimedia Македонија станува локален огранок на Фондацијата.
  • Верификација на органи согласно статутот.
  • Подготовка на потребни документи за регистрација на Викимедија Македонија во соодветните регистри на Република Македонија, согласно законската регулатива.
  • Доставување на потребни генерални и контакт информации за Викимедија Македонија по барање на Wikimedia Foundation, со цел објавување на соодтвените вики страници на официјалното мрежно место на Фондацијата.
  • Испраќање на соопштение до медиумите по повод признавањето на Викимедија Македонија.
  • Предлог активности во иднина, кои треба да придонесат за развој на Википедија на македонски јазик.
  • Разно...

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 16:32, 26 септември 2009 (UTC)
  2. За -- Бојан имаш за кажување? 18:51, 26 септември 2009 (UTC)
  3. За -- User:GospoD
  4. За --brest (разговор) 23:54, 26 септември 2009 (UTC), Коментар  доколку и на другите им одговара предлагам средбата да се закаже во сабота или недела.
  5. За  --Brainmachinewtf? 12:27, 27 септември 2009 (UTC)
  6. За  --Милош (разговор) 18:12, 27 септември 2009 (UTC)
  7. За  --Arwena (разговор) 13:46, 29 септември 2009 (UTC)

Не можат да присуствуваат[уреди извор]

  1. MacedonianBoy (разговор придонеси)
  2. Против  --Wikimk (разговор) 11:37, 27 септември 2009 (UTC)

Диксусија[уреди извор]

Коментар  Зошто се става терминот во 18 часот?--Никола Стоіаноски 17:00, 26 септември 2009 (UTC)
Бидејќи, 1 октомври е четврток и поради работните обврски не беше соодветно средбата да се закаже порано. Можно е да се презакаже за 16:00 на пример, што според мене е посоодветно, но не знам дали ќе се согласат другите, бидејќи ги фаќа веднаш после работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:14, 26 септември 2009 (UTC)
ОК, ништо тогаш не можам да дојдам имам работа до 4 часот во четврток. Наредната средба ќе се видиме :) Поз--Никола Стоіаноски 17:19, 26 септември 2009 (UTC)

Мене не ми е проблем сабота или недела. Работата е што постојано ја презакажуваме средбата. Соопштението го читаат многу корисници, па не ми изгледа паметно да ја одложуваме средбата, како што беше случај минатиот пат.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:26, 27 септември 2009 (UTC)

Коментар  - Поарно е средбата да е во 16 часот, ако им одговара и на другите, затоа што после 19 просториите не се слободни (така е секој вторник и четврток, откако сум јас таму). А од 6 - 7, ќе имаме многу малку време за договор на било што. Поздрав --Виолетова (разговор) 12:57, 27 септември 2009 (UTC)
Ок. Нека биде од 16:00. Промената веднаш ќе биде направена.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:35, 27 септември 2009 (UTC)

Извештај од средбата[уреди извор]

Викисредбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Arwena (разговор придонеси)
  3. Виолетова (разговор придонеси)
  4. Brest (разговор придонеси)
  5. Misos (разговор придонеси)

По солидната посетеност на претходната Викисредба, на оваа Викисредба повторно се случи да присуствуват помал број на корисници, од бројот на оние кои потврдија присуството.

Околу 16 часот се сретнав со Arwena, чекајќи ја Виолетова, која и овој пат ни овозможи да се состанеме во просториите на Првото пензиско друштво. По нејзиното пристигнување, започнавме да ја пдготвуваме просторијата и да разговараме за можностите кои може да ги искористиме со работата на Викимедија Македонија. По кратко задоцнување пристигна и Brest, кој го состави дневниот ред за оваа средба и со кој започнавме да разговараме, следејќи ги точките од дневниот ред. Одлучивме што е можно побрзо да го регистрираме здружението и да отвориме сметка во банка. Последен на средбата пристигна Милош, со кој продолжи разговорот околу проектите на здружението и начините на обезбедување на финансиски средства. Во меѓувреме, Виолетова гин подготви изјавите за деловна способност, кои мора да ги потпишат сите основачи. Присутните се потпишавме, а беше одлучено останатите основачи, овие изјави да ги потпишат откако најпрвин ќе ги добијат по електронски пат и истите ќе ги отпечатат.

Втора важна работа за која се разговараше на средбата беше внесувањето на статии за археолошките наоѓалишта, во чија подготовка се вклучени Brest и Arwena. Внесувањето на овие статии, би не доближило до посакуваниот број од 40.000 статии, со што би можела да биде вратена врската до Главната страница на Википедија на македнски во јазичната кутија на Главната страница на Википедија на англиски. Имаше идеја и ова масовно внесување да биде дел од некој проект на Викимедија Македонија.

По заминувањето на Arwena, којашто имаше обврски и мораше да ја напушти средбата порано, се обрна внимание и на организациската структура на Викимедија Македонија, а мислењето остана исто како и при формирањето на Иницијатовниот одбор. Brest да биде претседател, Kiril Simeonovski благајник, а истовремено и потпретседател за финансии, а од потпретседателите FlavrSavr да биде потпретседател за односи со јавноста.

Средбата заврши околу 18 часот и 30 минити.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:20, 1 октомври 2009 (UTC)

За следната средба[уреди извор]

Особено значајно, а тоа го заклучија и присутните на средбата е да се прави разлика меѓу поимите Викисредба, која се однесува за дружење на корисниците на Википедија и Викимедја средба, која ќе се однесува за состанување на членовите на организацијата. Во план е поистоветувањето да престане по одржувањето на наредната средба, која е во план за околу десетина дена и ќе се однесува за активностите околу регистрирањето на здржението и сите поединости поврзани со тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:25, 1 октомври 2009 (UTC)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј