Википедија:Викисредба (27 ноември 2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Превод на статија  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Начела и напатствија

Селска чешма (Village pump)  · Потребни статии  · Инкубатор  · Кандидати за избрана статија (Ревизија)  · ВикиПроекти  · Викисредби  · Facebook icon.svg Facebook  · Twitter.svg Twitter

Одржување  · Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се известуваат корисниците и соработниците на Википедија дека следната средба ќе се одржи на 27 ноември 2010, со почеток во 16:00.

  • Место на одржување на средбата: Менада, Стара скопска чаршија, Скопје.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За  --brest (разговор) 17:45, 22 ноември 2010 (CET)
  2. За  --Милош (разговор) 19:19, 23 ноември 2010 (CET)
  3. За  --Kiril Simeonovski (разговор) 00:27, 24 ноември 2010 (CET)
  4. За  --FlavrSavr (разговор) 15:16, 26 ноември 2010 (CET)
  5. За  --Brainmachine (разговор) 20:19, 26 ноември 2010 (CET)

Дискусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Brainmachine (разговор придонеси)
  3. Misos (разговор придонеси)
  4. FlavrSavr (разговор придонеси)
  5. Ivica83 (разговор придонеси)
  6. Brest (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Уште пред почетокот на средбата се сретнав со Brainmachine, со кого се прошетавме пред да отидеме во Менада, каде што немаше никој. Најмногу разговаравме за активностите во Викимедија Македонија, како и за причините за намалувањето на активноста на нашата Википедија.

Откако ни се придружија Милош и FlavrSavr, веќе можевме да започнеме со конкретни анализи и планови околу идните активности, па така заклучивме дека е најдобро да се поделиме околу идните активности на проектот на Метаморфозис, во кој имаме за задача да обучиме заинтересирани за начинот на употреба на Вики софтверот, а за таа цел треба да изготвиме прирачник и да одржиме обуки во Скопје, Велес и Дебар. Главно, се разговараше за изгледот на прирачникот, бидејќи истиот се очекува да го изработиме до 10 јануари 2011, додека обуките се планирани за февруари 2011. Се зброруваше и за предавањето за Википедија, коешто на 24 ноември 2010, го одржав пред студентите на ПМФ и за можните слични предавања во блиска иднина. Така, внимателно разговарајќи за идните перспективи на Википедија, н и се приклучи и Ivica83, кој исто така пројави интерес за вклучување во активностите. Со него продолживме на истите теми, повторувајќи голем дел од работите за коишто веќе се договоривме и чекајќи го Brest, со кого ја проширивме дискусијата. Милош предложи, активностите кои ги имаме во проектот на Метаморфозис да ги поделиме во четири главни подрачја, што беше различно прифатено од страна на присутните. Со Brest, конечно заклучивме дека во изработката на прирачникот, што ни претставува прв приоритет, е најдобро да бидат вклучени што е можно поголем број на заинтересирани, а истиот да се уредува во Google docs.

Од другите активности, се обрна внимание и на учеството на македонските Википедијанци во прославата на 10-годишнината од Википедија, за што сигурно ќе организираме некој настан, но детали сè уште не беа договорени. Остатокот од средбата беше посветен на коментари за состојбата на Википедија на македнски јазик и начинот на кој бројот на многу активни корисници влијае на развојот на истата. Беше предложено „олабавување“, односно почитување на поедноставни правила и зголемување на виманието посветено кон новите корисници. Средбата заврши, откако сите се сложивме дека е доволно дискутирано и треба да се започне со извршување на истото, а на часовникот веќе беше 19 часот.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:08, 29 ноември 2010 (CET)

Следна вики-средба[уреди извор]

Следната Вики средба ќе се одржи во средината на месец декември.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:05, 29 ноември 2010 (CET)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј