Википедија:Викисредба (6 ноември 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Следната вики средба е закажано да се одржи на 6. ноември 2012 година со почеток во 19:30 во EveryDay, Скопје (види карта). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата.

Основен услов за одржување на вики-средбата е да се пријават најмалку петмина заинтересирани за присуство, еден час пред закажаниот почеток на средбата. Местото на одржување на средбата е предмет на договор.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. --brest (разговор) 17:23, 30 октомври 2012 (CET).
  2. --Kiril Simeonovski (разговор) 09:47, 2 ноември 2012 (CET)
  3. --FlavrSavr (разговор) 14:38, 5 ноември 2012 (CET)
  4. --Вик Ретлхед (разговор) 16:10, 5 ноември 2012 (CET)
  5. --Ehrlich91 (разговор) 19:11, 5 ноември 2012 (CET)

Не може да присуствуваат[уреди извор]

  1. Против  За жал, повторно нема да може да дојдам. Ми се расипа компјутерот, и морам подитно да го поправам. Човекот ми кажа најрано вторник, а после треба да чекам уште можеби цела недела, така што другпат. --FlavrSavr (разговор) 11:07, 5 ноември 2012 (CET)
Не дека имам нешто против или за што не доаѓаш, ама по ѓаволите зарем ако ти се расипал компјутерот до толку ли си блокиран што не можеш да мрднеш од дома?--brest (разговор) 11:31, 5 ноември 2012 (CET)
Можам да излезам од дома, идејата е дека сакав да отидам да го поправам во вторник вечер, зошто тогаш може човекот, а после којзнае кога. Ама, по ѓаволите со тоа, ќе дојдам на вики-средба, која се надевам дека ќе биде конструктивна. --FlavrSavr (разговор) 14:36, 5 ноември 2012 (CET)
Претпоставив дека баш тогаш треба да го носиш компјутерот кај човекот, иако не ми изгледаше дека тоа е најверојатната причина па затоа искоментирав, ама марфиевите закони и понатаму се во сила. Дали ќе чекаме уште двајца да се исполни минимумот за викисредба или може да одиме и со тројца, како многу пати до сега? На средбата ќе пиеме по некое пиво или сокче, кафе, колку да се одржи континуитетот на средбите, а конструктивноста зависи од многу други фактори. Овој пат колку што разбрав Кирил има да ни презентира некои свои предлози и планови за работа. --brest (разговор) 16:03, 5 ноември 2012 (CET)

Најверојатно и јас ќе присуствувам, ако не излезе нешто непредвидено во меѓувреме. Ќе ми биде првпат и би сакал поактивно да се вклучам во проектот. Разговор со поискусните колеги ќе ми биде добредојден.--Вик Ретлхед (разговор) 16:12, 5 ноември 2012 (CET) Одлично, сега е исполнет кворумот за средба. Поздрав и се гледаме утре.--Вик Ретлхед (разговор) 20:02, 5 ноември 2012 (CET)

Дискусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Ehrlich91 (разговор придонеси)
  3. Brest (разговор придонеси)
  4. Вик Ретлхед (разговор придонеси)
  5. FlavrSavr (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Пред почетокот на средбата се чекав со Тони под Железничката станица, па отаму заедно се упативме кон EveryDay. Пристигнавме неколку минути порано, што ни овозможи на кратко да имаме меѓусебен разговор на општи теми. Следен нѝ се приклучи Димче и со него продолживме да разговараме за посетата на Скопје од страна на Википедијанци од Украина, непосредно по завршувањето на Конференцијата на Средна и Источна Европа 2012, којашто се одржа во Белград на 13 и 14 октомври. Разговаравме за авантурите коишто ги имале за време на разгледувањето на градот, како и за нивните општи впечатоци. Случајно за време на разговорот нѝ се приклучи и Вик Ретлхед, кому ова му беше прво присуство на една Вики-средба. Секој од нас се претстави со по неколку зборови, па веднаш потоа продолживме на темата поврзана со конференцијата. Последен на средбата пристигна Цобе, со што се појавија сите оние коишто претходно го најавија своето присуство.

На средбата главно се зборуваше на теми коишто не се толку поврзани со Википедија, а акцент беше ставен на впечатоците од конференцијата минатиот месец, на којашто присуствувавме јас, Тони и Димче (извештај). Понатаму, отворивме и потесни теми од областа на политиката и економијата, меѓу кои и за претседателските избори во САД, економската благосостојба во светот, како и за последиците од должничката криза во еврозоната и причините за нејзиното настанување. Во таа пригода, предложив идеја за започнување на проект во соработка со Економскиот факултет во Скопје, којшто ќе има за цел поттикнување на студенти да уредуваат статии поврзани со економијата на Википедија на македонски јазик. Проектот би бил спроведен од страна на Викимедија Македонија, а во неговото извршување би биле вклучени и студенти и професори. Со Цобе разговаравме и за отворениот пристап на Викимедија Србија кон зголемувањето на нејзиното членство, којшто на сличен начин би можел да се спроведе и кај нас. Имено, активностите на Викимедија Македонија во образовните институции е одлична можност да се одвои време и за промоција на работата на нашиот огранок.

Разговорите на разно-разни теми не стивнуваа сè додека не се согласивме да ја завршиме средбата околу 21:30.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 8 ноември 2012 (CET)

Следна Вики-средба[уреди извор]

На средбата се спомена дека е добро следната средба да се одржи по две седмици, што се поклопува со времето кога Милош ќе биде присутен во Македонија.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 8 ноември 2012 (CET)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј