Википедија:Викисредба (11 февруари 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2019
XLVII

2018
XLVI

2017
XLV

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007
II

2006
I
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на Вики-средбата:

  • Датум: 11 февруари 2013.
  • Време: 18:00 ч.
  • Место: EveryDay, Скопје (карта).

Потврдено присуство[уреди извор]

  1. За  --Kiril Simeonovski (разговор) 15:32, 5 февруари 2013 (CET)
  2. За  --brest (разговор) 15:54, 5 февруари 2013 (CET)
  3. За  Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:25, 5 февруари 2013 (CET)
  4. За  --Вик Ретлхед (разговор) 23:10, 5 февруари 2013 (CET)
  5. За  --Ehrlich91 (разговор) 13:03, 9 февруари 2013 (CET)
  6. За  --FlavrSavr (разговор) 14:40, 11 февруари 2013 (CET) (ќе каснам половина час, до час)

Дискусија[уреди извор]

Има некој итен повод за оваа средба или ја правиме само за видување?--Вик Ретлхед (разговор) 15:58, 5 февруари 2013 (CET)

Пишав нешто кај тебе на Ymail.--brest (разговор) 16:40, 5 февруари 2013 (CET)

Многу би сакал да присуствувам.. но за жал... --M4r51n (разговор) 19:32, 5 февруари 2013 (CET)

Повторно сум втора смена и повторно ќе доцнам.--Вик Ретлхед (разговор) 12:52, 9 февруари 2013 (CET)

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Ehrlich91 (разговор придонеси)
  3. Македонец (разговор придонеси)
  4. Brest (разговор придонеси)
  5. Вик Ретлхед (разговор придонеси)
  6. FlavrSavr (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Во EveryDay пристигнав заедно со Тони, а таму веднаш го затекнавме Марио, кому ова му беше прво присуство на една Вики-средба. Веднаш седнавме и откако се претставивме еден на друг, започнавме интересен разговор за уличните номенклатура во Македонија и адмиистративната поделба на градот Скопје. Притоа, зборувавме за потешкотиите коишто настануваат при точното одредување на местоположбата на некој објект, како и за нелогичноста во неговата распореденост на самата улица. По извесно време, на средбата се појави и Димче, а темата на којашто го продолживме разговорот се однесуваше во врска со македонските села, нивната населеност и некои карактеристики на населението од тој крај. Се изнесоа доста интересни факти на оваа тема, а Марио дури спомена дека во НУБСК пронашол книга за селата во Македонија, којашто ја користел при уредувањето на содрини на Википедија на македонски јазик. Понатаму, се зборуваше и за тоа дали усните преданија на мештаните од одредени краишта може да се сметаат за веродостоен извор на Википедија или не.

Некаде околу 19 часот нѝ се придружи и Игор, па со неговото доаѓање конечно започнавме некои од темите поврзани со неодамнешните активности на Викимедија Македонија и новости за Википедија на македонски јазик. Во таа пригода, Димче нè извести дека неговото предавање и видео-презентацијата[1] пред професорите и присутните од шест градови во земјава поминале успешно, што поттикнало голем интерес за понатамошна соработка и воведување на Википедија во образованието. Исто така, тој спомена и дека корисникот M4r51n завршил одлична работа со одржувањето на презентација[2] во своето училиште во Охрид, а сите имавме можност и да погледнеме фотографии од самото предавање. По некој збор се размени и за соработката со Економскиот факултет во Скопје, којашто оваа година се очекува да продолжи со уште помасовни активности. Во продолжение, со Марио започнавме разговор за рускиот јазик, а потоа се префрливме на чешкиот и разговаравме за неговите сличности со македонскиот, по што тој не отпоздрави и си замина.

По заминувањето на Марио, продолживме со различни теми, а во меѓувреме ни се придружи и Цобе. Тој нѝ соопшти дека е можно да имаме излагање во врска со Википедија на конференцијата Engage[3] којашто на 24 февруари ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. Кон тоа, јас се надоврзав и со информацијата дека истовремено е веројатно дека ќе присуствувам на конференција во Приштина, каде што како гостин-предавач треба да се произнесам со излагања на теми од областа на Википедија во образованието. Во понатамошниот дел од средбата, Димче спомена одлична идеја за проект, којшто има за цел воведување на предавања за Википедија пред поширока публика во слободните Интернет-центри ширум земјава. Со тоа, знаење во врска со уредувањето на Википедија би можел да стекне секој, а меѓу нив и некои постари лица како можни идни уредувачи. До крајот на средбата отворивме и интересна дискусија во врска со програмите за вработување и работните места во банките низ земјава. Средбата заврши нешто по 21 часот.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:16, 12 февруари 2013 (CET)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј
  1. 2013.02.08 Презентација на Википедија и останатите проекти пред наставниот кадар од средните училишта, на шест локации во Македонија
  2. 2013.02.11 Презентација на Википедија и останатите проекти пред учениците од ОУ „Христо Узунов“ - Охрид
  3. 2012.02.20 youtube.com ENGAGE - Social Media & Activism 2012