Бурилчевски Рид (Дренак)
Бурилчевски Рид — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Дренак. Наоѓалиштето претставува населба од доцноримското време. Се наоѓа на 2 км северно од селото, на поголем дел од просторот што е сопственост на земјоделската задруга од Пробиштип. При обработувањето на земјата биле откриени темели од повеќе објекти, а на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл.). Најдена е и една добро зачувана надгробна стела која е сместена во дворот на гимназијата во Пробиштип.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 322. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |