Самарска Чука (Зеленград)
Самарска Чука - Градиште — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Зеленград. Наоѓалиштето претставува утврдена населба од доцноантичко време. Претставува висок рид со доминантна местоположба што се издига на јужниот раб на селото. На зарамнетото плато на врвот се гледаат остатоци од темели на одбранбен бедем кој опкружува простор од 200 x 100 м. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели од повеќе мали објекти, а има множество градежен материјал и фрагменти од керамички садови. Најдени се и монети од Јустинијан I.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 322. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |