Пешник (Древено)
Пешник — населба од доцноантичко време. На 2 километри северно од селото Древено, на една мала височинка со зарамнето плато, со површина од 150 на 200 метри, се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал, а најдени се и монети VI век.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069