Градиште (Шталковица)
Градиште — археолошко наоѓалиште во пробиштипското село Шталковица. Претставува градиште и могили од доцноантичко време.
Сместено е на атарската тромеѓа со кочанските села Рајчани и Пантелеј, на висок и осамен рид што доминира над околината. Зачувани се темели од утврдување кое оградува простор од 200 × 200 м. Во внатрешноста на градиштето има грамади од камења и многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
На северното подножје, во селските ниви се наоѓаат две могили оддалечени една од друга 30 м. Едната могила има димензии од 12 м во основата и 2,5 м височина, а другата 10 м во основата и 1,5 м зачувана височина.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.