Прејди на содржината

Алексеј Кудрин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алексеј Кудрин
Министер за финансии
На должноста
28 мај 2000 – 26 септември 2011[1]
Премиер Михаил Касјанов
Виктор Кристенко (Acting)
Михаил Фрадков
Виктор Зубков
Владимир Путин
Претходник Михаил Касјанов
Наследник Антон Силуанов (в.д.)
Лични податоци
Роден(а) 12 октомври 1960(1960-10-12)(64 г.)
Добеле, Латвиска ССР (денес Латвија)
Партија независен
Установа Ленинградски државен универзитет
Потпис

Алексеј Кудрин (руски: Алексей Леонидович Кудрин, роден на 12 октомври 1960 во Добеле, Латвиска ССР) е руски политичар и поранешен министер за финансии на Русија, на која функција се наоѓал од 2000 до 2011 година.

Татко му бил војник, а мајка му - сметководител. Алексеј Кудрин завршил гимназија во Архангелск, каде што свирел на гитара во вокално-инструментален состав. Во 1978 година се запишал на Ленинградскиот факултет, а истиот го завршил во 1983 година.

Во декември 1985 година се вработил во економскиот институт на Академијата на науките на СССР. Во 1988 година започнал научна дејност на Институтот за социјално-економски проблеми во Академијата на науките на СССР.

Во октомври 1990 година бил избран за заменик-претседател на Комитетот за економски реформи во Извршниот комитет. По затворањето на овој комитет, Кудрин започнал својата работа во Комитетот за управување на Ленинградската зона за слободно претприемништво. Во ноември 1991 година станал заменик-претседател на Комитетот за економски развој на Санкт Петербург, како одговорен за инвестиционата политика. Во август 1992 година бил избран за претседател на Главното финансиско управување при општината Санкт Петербург (подоцна преименувано во Финансиски комитет). Во 1993 година, за време на градоначалникот Анатолиј Собчак бил избран за негов прв заменик, член на градската управа и за претседател на Комитетот за економија и финансии на Петербургската општината, каде работел заедно со Владимир Путин.

Во август 1996 година бил назначен за заменик-директор на Администрацијата на претседателот на Руската федерација (РФ) и за шеф на Главната контролна управува на претседателот на РФ.

Во март 1997 година бил назначен за прв заменик на министерот за финансии на РФ Анатолиј Чубајс. Во јануари 1999 година бил избран за прв заменик-претседател на управата на РАО "Единствен енергетски систем на Русија". Во јуни 1999 година станал прв заменик-министер за финансии на Русија. На 18 мај 2000 година по предлог на претседателот Владимир Путин бил избран за вицепремиер - министер за финансии. Рускиот министер за финансии јавно изразил незадоволство по најавената рокада на највисоките политички функции во Русија меѓу Путин и Медведев. По ова, Кудрин поднел оставка од функцијата министер за финансии.

Во периодот од 9 март 2004 до 24 септември 2007 година бил вицепремиер.


  1. „Ukaz № 1251“ (PDF) (руски). Kremlin.ru. 26 September 2011. Посетено на 27 September 2011.