Прејди на содржината

Елвира Набиулина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елвира Набиулина
Претседател на Централната банка на Руската Федерација
На должноста
Стапил/ -а
24 јуни 2013
Премиер Димитриј Медведев
Претходник Сергеј Игнатјев
Лични податоци
Роден(а) 29 октомври 1963(1963-10-29)(61 г.)
Уфа, Башкирска АССР, РСФСР, СССР
Партија Единствена Русија
Установа Московски државен универзитет

Елвира Сахипзадовна Набиулина (руски: Эльвира Сахипзадовна Набиуллина; башкирски: Нәбиуллина Эльвира Сәхипзада ҡыҙы; р. 29 октомври 1963) — руски економист и раководител (претседател) на Централната банка на Руската Федрација. Служела како советник за економски работи на претседателот Владимир Путин од мајк 2012 до јуни 2013 г.[1] откако претходно била на функцијата Министерка за економски развој и трговија од септември 2007 до мај 2012 г.[2]

Дипломирала на Економскиот факултет при Московскиот државен универзитет во 1986 г..[3]. Во периодот од 1991 до 1994 година работела во Руската унија за индустријалци и претприемачи.[3]. Во текот на 1994 година се преселила да работи во Министерството за економски развој и трговија, достигнувајќи го нивото на заменик-министер во 1997 година. Во 1998 година ја напуштила службата и започнала да работи во една тинк-тенк организација за стратешки развој.[3]. Во 2000 година повторно се вратила во министерството. Во периодот од 2003 до 2007 таа раководела со Центарот за стратегиски развој.

Во септември 2007 година станала Министер за економски развој и трговија. На 21 мај 2012 г. на функцијата доаѓа Андреј Белоусов.[2] Во 2012 г. била една од шесте виши функционери кои на новата влада по враќањето на Путин.

Во 2013 г. е назначена за раководител на Централната банка на Руската Федрација и така станала првата Русинка во Г8.[4] Во мај 2014 г. спсанието „Forbes“ ја прогласило за една од најмоќните жени во Русија, „со тешката задача да се справува со курсот на рубљата за време на Кримската криза, и притоа да овозможи пораст на економијата во обид да се избегне рецесија".[4]

Во текот на 2014 г. рубљата бележела драстичен пад во курсот, кој Набиулина го решила со нагло и значајно зголемување на каматните стапки.[5]

  1. New Kremlin Aides Allotted Responsibilities, RIA Novosti, 23 мај 2012
  2. 1 2 „Andrei Belousov appointed Economic Development Minister“. Interfax. Moscow. 21 May 2012. Архивирано од изворникот на 2014-02-19. Посетено на 28 March 2013.
  3. 1 2 3 „Elvira Nabibullina. Biography“ (руски). RIA Novosti.
  4. 1 2 „Russian Central Banker Nabiullina Among Forbes' Most Powerful Women“. MoscowTimes.com. 29 May 2014. Архивирано од изворникот на 2016-07-16. Посетено на 27 August 2014.
  5. Kirby, Paul (16 December 2014). „Russia economy: What is the risk of meltdown?“. BBC News. Посетено на 17 December 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]