Дмитриј Козак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дмитриј Козак
Дмитрий Николаевич Козак
Dmitry Kozak.jpg
Вицепремиер на Русија
На должноста
Стапил
14 октомври 2008
Министер за регионален развој
На должноста
24 септември 2007 – 14 октомври 2008
Претходник Владимир Јаковлев
Наследник Виктор Басаргин
Лични податоци
Роден(а) 7 ноември 1958 (1958-11-07) (60 г.)
Кировоград, Украинска ССР, Советски Сојуз

Дмитриј Козак (руски: Дмитрий Николаевич Козак) (роден на 7 ноември 1958 во Кировоград, Украинска ССР), е руски политичар, од октомври 2008 година служи како заменик-премиер на Руската Федерација.

Претходно бил министер за регионален развој на руската влада предводена од Виктор Зубков и во 2004-2007 тој бил претседателски ополномоштен претставник во Јужниот федерален округ (Северен Кавказ).

Дмитриј Козак е познат како близок соработник на поранешниот претседател и сегашен премиер Владимир Путин, со кого работел во градската администрација на Санкт Петербург во текот на 1990-тите, а подоцна и станал еден од клучните фигури на претседателскиот тим на Путин.

Во текот на 2004 година на руските претседателски избори Козак бил шеф на изборната кампања на Путин. Козак се смета како еден од основните кандидати за наследник на Путин.