Александар Авдеев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Авдеев
Министер за култура
На должноста
мај 2008 – во служба
Премиер Владимир Путин
Претходник Александар Соколов
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 8 септември 1946
Кременчук, Украинска ССР (денес Украина)
Партија Единствена Русија

Александар Авдеев (руски: Александр Алексеевич Авдеев; роден на 8 септември 1946) е руски дипломат и Министер за култура на Русија, на која функција се наоѓа од мај 2008 година. Во периодот од 2002 до 2007 година бил амбасадор на Русија во Франција.

Авдеев е роден во Кременчук, во Украинска ССР. Дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи во 1968 година. Во периодот до 1971 година работел како помошник на генералниот секретар на СССР во конзулатот во Алжир. Во 1973/74 работел во Министерството за надворешни работи, а до 1985 бил најпрвин втор а подоцна прв секретар на советската амбасада во Франција. Во 1991/92 бил заменик министер за надворешни работи на СССР, а истата функција но во рамките на Руската Федерација ја извршувал и во периодот од 1996 до 1998 година. Во периодот од 1992-1996 бил амбасадор на земјата во Бугарија.

Зборува француски, италијански, англиски и бугарски јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]