Прејди на содржината

Игор Шувалов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игор Шувалов
Прв вицепремиер на Русија
На должноста
7 мај 2008 – 18 мај 2018
Служи со Виктор Зубков
Премиер Владимир Путин
Виктор Зубков
Дмитриј Медведев
Претходник Сергеј Иванов
Наследник Антон Силуанов
Лични податоци
Роден(а) 4 јануари 1967
Билибино, Чукотски автономен округ, СССР
Партија независен

Игор Шувалов (руски: Игорь Иванович Шувалов, роден на 4 јануари 1967 во Билибино, Чукотски автономен округ) е руски политичар, прв вицепремиер по Виктор Зубков на Русија, на која должност се наоѓа од 12 мај 2008 година. Тој освен ова бил и претседател на Одборот на директори на Совкомфлот до јули 2010 година.

Шувалов е роден во Билибино, кој се наоѓа во Чукотскиот автономен округ. Во периодот од 1984 до 1985 година работел како лабораториски работник во институтот Икос. Од 1985 до 1987 година бил во советската армија, а подоцна бил на Правниот факултет во Москва. Дипломирал во 1992 година, и работел во советското министерство за надворешни работи. До 1997 година работел како адвокат и бил претседател на правна консултантска фирма.

На 18 мај 2000 година станал министер во кабинетот на Михаил Касјанов, а во 2003 станал помошник во кабинетот на Владимир Путин. Од 12 мај 2008 година станал прв вицепремиер во вториот кабинет на Путин.