Исланд: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 217.16.91.177 (разговор), вратено на последната верзија на MerlIwBot
с r2.6.6) (Робот: Ја менувам ku:Îsland во ku:Îslenda
Ред 234: Ред 234:
[[kg:Islande]]
[[kg:Islande]]
[[ht:Islann]]
[[ht:Islann]]
[[ku:Îsland]]
[[ku:Îslenda]]
[[ky:Исландия]]
[[ky:Исландия]]
[[lad:Islandia]]
[[lad:Islandia]]

Преработка од 05:14, 3 март 2013

Република Исланд
Lýðveldið Ísland
Знаме Грб
Геслонема
ХимнаLofsöngur
Местоположба на Исланд (портокалово) во Европа (бело)
Местоположба на Исланд (портокалово) во Европа (бело)
Местоположба на Исланд (портокалово) во Европа (бело)
Главен град
(и најголем)
Рејкјавик
64°08′N 21°56′W / 64.133° СГШ; 21.933° ЗГД / 64.133; -21.933
Службен јазик исландски (де факто)
Народности  93% Исланѓани,
7.0% останати.
Демоним Исланѓанец
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Олафур Рагнар Гримсон
 •  Премиер Јохана Сигурдардотир
 •  Претседател на Алтингот Гудбјатур Ханесон
Независност од Данска 
 •  Домашно владеење 1 февруари 1904 
 •  Независност 1 декември 1918 
 •  Република 17 јуни 1944 
Површина
 •  Вкупна 103,000 км2 (107-ма)
 •  Вода (%) 2.7
Население
 •  проценка за 1 декември, 2008 г. 319,7561 (172-ра)
 •  Попис December, 1980 229,187 
 •  Густина 3,1 жит/км2 (233-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $12.664 милијарда[1] 
 •  По жител $40,024[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $17.549 милијарда[1] 
 •  По жител $55,462[1] 
Џиниев коеф. (2005)25.0 2
Error: Invalid Gini value · 4-та
ИЧР (2008) 0.970
Error: Invalid HDI value · 1-ва
Валута Исландска крона (ISK)
Часовен појас GMT (UTC+0)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC)
Се вози на десно
НДД .is
Повик. бр. 354
1. Предлошка:Цитирана веб страница
2. Предлошка:Цитирана веб страница

Исланд е островска држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Се наоѓа северозападно од Велика Британија, до самиот северен поларен круг (површина 102.819 км2; 293.966 жит). Карактеристични за Исланд се гејзерите и вулканите (Хекла, Хванадалснукур и Ејафјатлајекитл). На север од земјата се наоѓаат многубројни фјордови. Главен град е Рејкјавик. Други градови: Акурејри, Исафјердур, Кефлавик и Сиглуфјердур. Најблиски прекуморски соседи: Гренланд, Норвешка, Фарските Острови и Шкотска.

Етимологија

Историја

Првите доселеници на островот биле Викинзите во текот на 9 век. Првиот доселеник кој останал да живее трајно на Исланд бил Инголфур Арнарсон. Во 930 година бил организиран првиот парламент (Алтинг), најстар во континуитет на светот. Во текот на 14 век земјата паднала под власта на Данска, која дури во 1918 година му ја признала на Исланд независноста, иако формално сè уште под данската круна. Во 1944 година Исланд била прогласена за република. За време на Втората светска војна, САД и Велика Британија ја окупирале земјата, иако Исланд уште од почетокот бил на страната на сојузниците. Во 1956 година Исланд побарал САД да ги евакуираат своите трупи. Откако во 1972 година Исланд ја проширил зоната на територијалните води од 5,5 на 370 km, избувнала т.н. „Рибарска војна“ со В. Британија, која завршила во 1976, по признавањето на Лондон на новите граници.

Географија

Вулканското езеро Гримсвот на глечерот Ватнајокул
Детифос, најсилниот водопад во Европа, лоциран во североисточен Исланд

Висорамнина (400 до 800 m) со вулканско потекло, највисок врв Ерефајекул, 2.119 m. Од 140 вулкани, 26 се активни (Гримсвотн, Лаки, Хекла...). Над 13.000 km2 се покриени со глечери, од кои најголемиот Ватнајекул зафаќа 8.460 km2. Забележлива е присутноста и на голем број гејзири, од кои најсилниот исфрла вода до 100 m височина. Хидрографија: реки – Нордура, Пјорса, Хвита; езера – Ми, Порис, Пингвала, Хвитар. Клима: во јужните области влажна атлантска со свежи лета и благи зими, а во внатрешноста супполарна.

Политичко уредување

Исланд е парламентарна република. Парламентот се нарекува Алтинг, а негов претседател е Гудбјартур Ханесон. Претседател на републиката е Олафур Рагнар Гримсон, а премиер е Јохана Сигурдардотир.

Административна поделба

Демографија

Етнички состав: Исланѓани 94%. Вероисповед: лутерани 87%, протестанти 4%, католици. Писменост: 100%. Јазици: исландски (официјален), норвешки, англиски. Парична единица: круна.

Религија

Религија во Исланд со населувањето на островот била Нордиска во времето на Викинзите (874-1000). Подоцна, нацијата станала полу-христијанска, а потоа целосно била христијанизирана. Во моментов, населението најголемиот дел од населението е Лутеранско. Сепак постојат и помали религиозни заедници [1]

Реформацијата речиси сосема ја потчинала Католичката црква во Исланд. Двајца локални жители, Одур Готскалсон и Гисур Еинарсон станале ученици на Мартин Лутер, а подоцна и негови следбеници на овие простори, особено откако Кристијан III од Данска Лутеранството ја прогласил како официјална религија на тероторијата на целото царство. Сепак, спроведувањето на реформацијата била проследена од националистички отпор која ескалирала скоро до точката на граѓанска војна. Џон Арсон и Огмундур Палсон, Католички епископи, се спротивиле на напорите на Кристијан III. Огмундур бил депортиран од страна на данските функционери во 1541. Отпорот завршил во 1550, кога Џон Арсон и неговите два сина биле обезглавени на 7 ноември 1550 година. Католичката црква во Исланд била формирана на 8 декември 1855 година под името Апостолска Префектура на Северниот Пол (Praefectura Apostolica Poli Arctici). Неколку години подоцна, два француски свештеници Бернард (1821-1895) и Жан-Батист Будоин (1831-1875) се населиле во Исланд во 1857 односно 1858. Сепак нивната мисија била до некаде неуспеѓна. Иако католичка популација останува како мал процент од вкупното население на островот, процентот бил зголемен од околу 450 во 1950 до 5590 во 2004 година, за кое време од вкупното население се зголеми од 140 000 на 290 000.

Денеска, 81% од населението на Исланд се членови на Лутеранство|Лутеранската исландска црква, 2.4% на Слободната црква во Рејкавик, 0.9% Независни Баптисти, 2.5% Римокатолици и.т.н.


Економија

Аграрна земја во која риболовот (флота од над 1.000 бродови) и индустриската преработка на рибата се главни стопански дејности, напоредно со бродоградбата. Се одгледуваат компири, репка и во стаклени градини цвеќе и овошје, а во сточарството говеда, овци и коњи. Располага со значајна хидроенергија и геотермална енергија.

Култура

Карпестиот брег на островот Гримси, на Арктичкиот круг

Со воведувањето на христијанството во почетокот на 11 век, во земјата започнала да се користи латиницата. Првите литературни дела се генеалошки стебла и закони, напоредно со преведените религиозни текстови. Во 12 век биле создадени првите дела со историска тематика – Книга за Исланѓаните и Книга за доселувањето. Нешто подоцна биле создадени и првите саги (за норвешките кралеви), највредниот исландски придонес во светската литература.

Во 13 век биле комплетирани главните исландски книжевни дела Помладата и Постарата Еда, напоредно со крајот на скалдичката поезија која поети-пејачи ја создавале уште од 18 век. Последните саги биле напишани во 14 век и заменети со летописи. Меѓутоа, имтересот за сагите се обновил во 17 век и литературата се збогатила со нови такви творби. Современите автори (почеток на 20 век) ги прифатиле европските литературни текови и во исландската литература почнал да доминира романот, но не и драмското творештво кое било послабо застапено. Првиот исландски универзитет е отворен во 1911 г. во Рејкјавик. Во рамките на универзитетот работи и институтот Арни Магнусон.

Наводи

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA