Религија во Исланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верници во Исланд
Лутеранци
  
84,7 %
Независни Баптисти
  
0,9 %
Римокатолици
  
2,5 %
Пентоксална цркваа
  
0,6 %
Бахаисти
  
0,1 %
Муслимани
  
0,1 %
Други
  
9 %
Нерелигиозни
  
3 %
Црква во Рејкјавик

Религија во Исланд со населувањето на островот била Нордиска во времето на Викинзите (874-1000). Подоцна, нацијата станала полухристијанска, а потоа целосно била христијанизирана. Во моментов, населението најголемиот дел од населението е Лутеранско. Сепак постојат и помали религиозни заедници [1]

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,,[1]

  • 38% од исландските граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
  • 48% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила".
  • 11% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".
  • 3% не дале одговор.

Реформација[уреди | уреди извор]

Реформацијата речиси сосема ја потчинала Католичката црква во Исланд. Двајца месни жители, Одур Готскалсон и Гисур Еинарсон станале ученици на Мартин Лутер, а подоцна и негови следбеници на овие простори, особено откако Кристијан III од Данска Лутеранството ја прогласил како официјална религија на тероторијата на целото царство. Сепак, спроведувањето на реформацијата била проследена од националистички отпор која ескалирала скоро до точката на граѓанска војна. Џон Арсон и Огмундур Палсон, Католички епископи, се спротивиле на напорите на Кристијан III. Огмундур бил депортиран од страна на данските функционери во 1541. Отпорот завршил во 1550, кога Џон Арсон и неговите два сина биле обезглавени на 7 ноември 1550 година.

Католичката преродба[уреди | уреди извор]

Католичката црква во Исланд била формирана на 8 декември 1855 година под името Апостолска Префектура на Северниот Пол (Praefectura Apostolica Poli Arctici). Неколку години подоцна, два француски свештеници Бернард (1821-1895) и Жан-Батист Будоин (1831-1875) се населиле во Исланд во 1857 односно 1858. Сепак нивната мисија била донекаде неуспешна. Иако католичка популација останува како мал процент од вкупното население на островот, процентот бил зголемен од околу 450 во 1950 до 5590 во 2004 година, за кое време од вкупното население се зголеми од 140 000 на 290 000.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.