Поморие
Поморие Поморие | |||
---|---|---|---|
град | |||
Воздушен поглед од Поморие | |||
Местоположба на Поморие во Бугарија | |||
Координати: 42°34′6″N 27°37′0″E / 42.56833° СГШ; 27.61667° ИГД | |||
Земја | Бугарија | ||
Област | Бургас | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Иван Алексиев (ГЕРБ) | ||
Надм. вис. | 0 м | ||
Население (2009) | |||
• Вкупно | 13 569 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Мреж. место | pomorie.org |
Поморие (бугарски: Поморие) — град во југоисточниот дел на Бугарија. Се наоѓа во Бургаска област и е административен центар на општина Поморие.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот изникнува како древен грчки полис, наречен со името Анхиало во VIII век пр.н.е. Многу од жителите му биле Траки. Од древноста до денес е меѓу наjважните црноморски градови.
Особено голем расцвет достигнува во времето на Римското Царство. Градот станува епископски центар и има свои монети. Од III-IV в. е и Тракиската куполна гробница - хероон покраj денешно Поморие.
Во IX в. Анхиало е дел од териториите на бугарската држава. Цар Симеон Велики се бори против византискиот напад на овие делови на Балканот. Симеон Велики и нанел историски пораз на Византија на реката Ахелоj. Поразот на Византијците во Битката кај Анхиало го означил почетокот на бугарската моќ во Европа.
Малку познато е прабугарското име на Поморие - Тутхон. Од 1934 г. древното име Анхиало е заменето со Поморие.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Anhialo.info - туристички портал на Поморие Архивирано на 27 ноември 2020 г.
- Info портал на Поморие Архивирано на 25 ноември 2020 г.
- Мрежно место на манастирот „Св. Георги“ во Поморие Архивирано на 4 март 2016 г.
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|