Стрмол (дворец)
Стрмол Vodni stolp | |
---|---|
![]() | |
Општи податоци | |
Град | Рогатец |
Земја | Словенија |
Стрмол е дворец кој се наоѓа во Рогатец, во Словенија. За првпат објектот се споменува во 1436 година[1] како сопственост на Грофство Цеље, кој го дал на користење на феудалецот Јакоб Стрмол. Кон крајот на 16 век, замокот бил купен од страна на семејството Ауерсперг, а подоцна тие го продале на Франкопаните.
Во 1620 тој бил купен од страна на Јуриј Рисинг фон Хартенштајн. Капелата, посветена на Свети Винсент Ферер за првпат се споменува во 1682 година. Објектот во голема мера ја изгубила својата дефанзивна улога кон крајот од 17 век, кога нејзините ѕидини биле срушени. Во 1730 тоа беше наследена од Марија Изабела Петази, а во 1804 година била купена од страна на Винтершофен[2].
Во 2003 година, зградата била целосно реновирана и прогласена за културен споменик. Таа во моментов работи како угостителски објект[3] и како музеј.