Јабле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јабле
Grad Jable
Schloss Habach
GradJablje.JPG
Општи податоци
ГрадЛока кај Менгеш
ЗемјаСловенија

Јабле или Јабље (словенечки: Grad Jablje/Jablje),[1][2]:40 — замок кој се наоѓа кај Лока кај Менгеш, Словенија. Замокот за првпат се споменува во 1268 година, додека сегашната градба била изградена од страна на грофовите Ламберг во околу 1530 година. Замокот потоа бил во рацете на семејството грофови Москони, а од 1780 до крајот на Втората светска војна бил во сопственост на Лихтенберг. Замокот бил национализиран по војната и темелно ограбен во текот на следните години. Во текот на комунистичкиот режим во Југославија, служел како интернат за студентите како и лабораторија за изведување на експерименти на студентите од факултетот од Љубљана.

Замокот бил темелно реновиран во периодот помеѓу 1999 и 2006 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Savnik, Roman (1971). Krajevni leksikon Slovenije, vol. 2. Ljubljana: Državna založba Slovenije. стр. 93.
  2. Gorjup, Anton; Vidali, Ivan (1954). Mengeški Zbornik 1154-1954. Ljubljana: Joz̆e Mos̆kric̆.