Севница (замок)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Севница
Grad Sevnica
Внатрешниот двор на замокот
Карта
Општи податоци
ГрадСевница
ЗемјаСловенија

Севница — замок во стариоt дел на градот Севница, Словенија. Оваа е еден од најубавите и најзачуваните замоци во Словенија.

За првпат, овој замок се споменува во 1309 година под името “Castellum Lichtenwald[1]. За тоа кога била за првпат изградена денеска не е познато, но се смета дека била во времето на Конрад фон Абенсберг (1106 - 1147), кој ги купил и колонизирал овие области по запирањето на унгарската инвазија во 10 век и во почетокот на 12 век. Единствен преостанат дел од зградата од тој период, кој постои до денес, е дел од една кула која се наоѓа во дворецот. Оваа кула најверојатно била дел од поголема зграда и во однос на дебелината на своите ѕидови (2,6 m; 8,5 стапки) се смета дека била висока околу четири или пет спрата.

Во овој замок се наоѓала канцеларијата на Архиепископијата од Салцбург сè до 1479 година, кога за архиепископ бил назначен Бернард Втори фон Рохр, кој дошол во судир со царот Фредерик III. За време на овој конфликт, Бернард основал сојуз со кралот на Унгарија, Матијаш Корвин. По неговата смрт, бил потпишан договор во 1491 во Братислава и замокот станал сопственост на царот, и новиот император Максимилијан I, во 1494 година седиштето на Архиепископијата на Салцбург повторно ја вратил во дворецот[2].

Д-р Виктор Тилер објавил прирачник во 1938 година со наслов "Sevnica во okolica" (Севница и Неговата околина), во кој тој тврди дека дека замокот во средниот век бил поврзан со подземен тунел со Долниот замок во Севница и дека жителите на градот го користиле како скривалиште, во времето на турската инвазија на овие простори. Меѓутоа, не постојат никакви историски докази кои ги потврдуваат овие тврдења, а од друга страна пак градот никогаш не бил жртва на турската инвазија, па тоа се подразбира дека оваа приказна е само легенда. Во средината на 16 век на најјужната страна од замокот била изградена т.н. Лутеранска визба.

Замокот останал во сопственост на Архиепископијата од Салцбург до 1803 година, но во меѓувреме, семејството Ауерсперг станале наследнци на реонот во 1675 година, а потоа сопственоста се менувала на повеќе семејства, како семејството Драшковиќ во 1688 година, во 1725 повторно Ауерсперг и во 1769 семејството Каглевиќ.

На 1 јуни 1803 година грофот Јохан Хандл фон Ребенбург станал сопственик на објектот, и во следните години екстериерот на замокот бил значително променет односно обновен. Промени имало и во текот на 19 век, особено на фасадата. Веќе во 1880 година, тој бил во сопственост на Д-р Карл Аусерер. Во периодот од 1910 до 1945 година, сопственик на имотот била Грофицата Матилда Арко Зинеберг. Овде биле пограбани дел од нејзиното семејство. Како и многу други замоци во Словенија, Севница била национализирана по војната.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milko Kos, Urbarji salzburške nadškofije, Srednjeveški urbarji za Slovenijo 1 (Ljubljana, 1939), 71.
  2. Ivan Stopar, Grajske stavbe v Vzhodni Sloveniji, peta knjiga, Med Kozjanskim in porečjem Save (Ljubljana, 1993), 119.