Ајманов замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајманов замок
Ajmanov grad
Schloss Ehrenau
Карта
Општи податоци
ГрадСвети Дух, Општина Шкофја Лока
ЗемјаСловенија

Ајманов замок — замок во селото Свети Дух, Општина Шкофја Лока, Словенија[1]. Замокот бил изграден во 17 век, во 1679 од страна на гувернерот на Шкофја Лока, Франц Матија. Последователни сопственици на замокот биле семејствата на Ангербург, Видманштатен, Дитрих, Занети, Флаченфелд и Диензи[2].

Овде се наоѓа и капелата на Пресвета Богородица која била изградена во 1733, и чиј олтар бил направен од Франц Јеловшек, еден од најголемите словенечки сликари на XVIII век.

Во 1746 замокот бил продаден на Адам Динзи. Кон крајот на 18 век го добива сегашното име "Ајман" по друг сопственик, на д-р. Хеиман. Во 1918 била во сопственост на Марија Ѓузел, а потоа и на семејство Демшар до Втората светска војна. За време на војната замокот бил изгорен, а по војната истиот бил повторно реновиран.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Škofja Loka municipal newsletter, January 2007“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-31. Посетено на 2008-10-23.
  2. Info