Селце (Крушевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Селце, Крушевско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Селце
Селце is located in Македонија
Селце
Местоположба на Селце во Македонија
Координати 41°25′09″N 21°15′11″E / 41.41917° СГШ; 21.25306° ИГД / 41.41917; 21.25306Координати: 41°25′09″N 21°15′11″E / 41.41917° СГШ; 21.25306° ИГД / 41.41917; 21.25306
Општина Општина Крушево
Население 22 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 980 м
Селце на општинската карта
Селце во Општина Крушево.svg

Атарот на Селце во рамките на општината
Commons-logo.svg Селце на Ризницата

Селце е село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источните падини на Бушева Планина, оддалечено 19 километри северно од Крушево.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото е основано за време на османлискиот период од три или четири фамилии со потекло од истоименото село Селце, Дебарско. За време на Илинденското востание тука се произведувани црешовите топчиња.

Економија[уреди | уреди извор]

Жителите на селото најчесто се занимаваат со земјоделство: тутун и жито. Во бавчите на селаните може да се сретнат домати, краставици, бостан.

Селаните поседуваат околу 20 хектари земја околу селото.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 360 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Селце имало 400 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 22 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360[1] 400[2] 535 555 471 266 131 56 48 22

Родови[уреди | уреди извор]

Селце е македонско православно село, во селото сите родови се доселенички кои дошле од западната страна, од околината на Корча, од Голо Брдо, и од уште некое место непознато. Кога точно е основано селото не се знае.

  • Доселеници: Анѓелевци (20 куќи), Брајановци (9 куќи), Анѓелковци (8 куќи), Стојановци (6 куќи) и Цапевци (2 куќи) доселени се од некое село во околината на Корча, и потекнуваат од ист предок; Китановци (9 куќи), Клинчаровци (4 куќи) и Стеблевци (2 куќи) потекнуваат од ист предок и доселени се од селото Стеблево во Голо Брдо; Рајковци (12 куќи) доселени се од некоја област западно од Пелагонија.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Основното училиште Веле Марков, не работи веќе 30 години.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото има црква, а околу неа се наоѓаат селските гробишта. Црквата во турско време била повеќе пати потпалувана, но селаните секогаш ја реновирале. Последното палење датира од 1903 година. Помеѓу поважните знамeнитости е и спомен куќата на Веле Марков.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од ова село биле чести иселувањата. Се знае за следните иселеници: Зенговци (1 к.) иселени се во селото Врбоец. Рековци (2 к.) иселени се во селото Рилево. Бошковци (1 к.) иселени се во Браилово. Вељановци (1 к.) иселени се во Локвени. Наумчевци (1 к.) во Кошино. Петковци (1 к.), Богојевци (2 к.) и Николовци (1 к.) во Алданци. Иселеници има и на други места: Крушево (10 семејства), Бугарија (10 семејства), Прилеп (4 семејства), Северна Америка (2 семејства) и во Крушеани (1 к.). Од 1961 до 1971 година Селце е смалено за 15 семејства.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.245.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ.