Самар (Воденско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самар
Σάμαρι
Самар is located in Грција
Самар
Самар
Местоположба во областа
Самар is located in Воден (општина)
Самар
Местоположба на Самар во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.10′N 22°05.60′E / 40.81833° СГШ; 22.09333° ИГД / 40.81833; 22.09333Координати: 40°49.10′N 22°05.60′E / 40.81833° СГШ; 22.09333° ИГД / 40.81833; 22.09333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000300000000300 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно85
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Самарсело во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 157 жители и до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се напоѓа околу 10 км северно од градот Воден, а околу 2 км источно од патот Воден - С’ботско, на надморска висчина од 300 м.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во османлиските даночни книги за Воденскиот волает од 1619-1620 г. Самар се води како село со 30 домаќинства обврзници на џизија (данок за немуслимани).[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Самар (Samar) е село во Воденската каза со 31 куќи и вкупно 173 жители Македонци.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самар имал 244 жители Македонци.[4]</ref>[6]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Самар (Samar) имало 160 Македонци[4] под егзархијата.[8] Во истиот период, Милоевиќ регистрирал 20 куќи, сите македонски.[2]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Самар е припоен кон грчката држава, кога имал 87 жители.[2] Дел од населението се отселило, а на негово место грчките власти во 1924 г. населиле неколку грчки доселенички семејства (бегалци од Турција) со вкупно 24 члена.[2] Во 1926 г. селото е преименувано во Самари. Во 1928 година Самар имал 210 жители[2], од кои 7 биле доселенички семејства со вкупно 31 член.[9] Во 1940 се заведени 177 жители, од кои 33 доселеници, а останатите Македонци.[2]

Во Граѓанската војна[уреди | уреди извор]

Самар настрадал во Граѓанската војна, а грчките монархистички власти во зимата 1947 г. го присилно отселиле населението во Црковени.[2] По нормализацијата на состојбите, селаните се вратиле во селото.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 177 130 163 114 128 117 91 85
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Волкојанево и Почеп.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Почвата е мошне неплодна, но сепак населението се занимава со сточарство и земјоделство.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 57. 
  3. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 270.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
  7. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 126.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928