Панчарево

Координати: 41°50′58″N 22°54′06″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:58, 2 февруари 2022; направена од 146.255.74.202 (разговор) (→‎Родови: во родовите е направена мала измена кај Трајковци, во Трајановци, доаѓа од Трајан, а не Трајко тоа е најголемото м маало во селото Панчарево во моментот и се наоѓа на самиот влез на селото од левата страна)
Панчарево

Поглед на маалото Филиповци во селото Панчарево

Панчарево во рамките на Македонија
Панчарево
Местоположба на Панчарево во Македонија
Панчарево на карта

Карта

Координати 41°50′58″N 22°54′06″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Пехчево
Област Пијанец
Население 375[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 2325
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01008
Надм. вис. 800-1000 м
Слава Спасовден
Панчарево на општинската карта

Атарот на Панчарево во рамките на општината
Панчарево на Ризницата

Панчарево — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба

Полето пред селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во крајниот северен дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Делчево, како и со државната гранична линија со Бугарија.[3] Селото е ридско-планинско, а куќите се издигаат на надморска височина од 800 до 1.000 метри.[3]

Атарот зафаќа простор од 24,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 926 хектари, на пасиштата отпаѓаат 894 хектари, а на шумите 579 хектари.[3]

Географски, Панчарево е дел од историско-географската област Пијанец, кое денес административно се наоѓа во Општина Пехчево. Селото се наоѓа во најсеверниот дел на општината, и атарот на Панчарево се граничи со Бугарија на исток, со Општина Делчево на запад и со атарот на селото Црник на југ. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри, на планината Влаина.

Историја

Во XIX век, Панчарево било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Главна стопанска гранка во селото е сточарството.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Панчарево имало 700 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Панчарево имало 560 жители.[5]

Панчарево било големо село, па преминало во средно село по големина, населено само со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 993 жители, а во 1994 година 467 жители.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Панчарево живееле 375 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 560 873 930 933 877 703 493 467 375
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

  • Староседелци: Грижовци (4 к.), Попчевци (7 к.), Стојовци (4 к.), Чорбаџиовци (5 к.), Копарци (1 к.), Караџевци (10 к.), Филиповци (22 к.), Врановци (10 к.), Цурковци (10 к.), Војниците (2 к.), Врговци (5 к.), Качарци (16 к.), Ризовци (7 к.), Џамбасци (1 к.), Грците (8 к.), Бурнасци (1 к.), Карадаци (1 к.), Шоповци или Трајановци (4 к.), Делијовци (3 к.), Самарџијци (6 к.) Јакутовци (7 к.), Каширци (6 к.) и Враните (5 к.)
  • Доселеници: Миравџијовци (7 к.) доселени се во 1816 година од селото Стар Истевник; Мајсторци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Црник; Чобанци (2 к.) доселени се во 1878 година од селото Лешко кај Благоевград, Пиринска Македонија;

Српски

  • Радиќи (1 к.) доселени се во 1918 година од некое место Губер; Кепиќи (3 к.) доселени се во 1918 година од селото Рудница во Рашка.[10]

Општествени установи

Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Панчарево, во која единствено село било Панчарево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Панчарево се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.

Во периодот 1955-1965 година, селото се наоѓало во рамките на општината Пехчево, заедно со градот Пехчево и селата Негрево, Робово, Умилена, Црник и Чифлик.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0018 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 268 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Главната селска црква „Св. Димитриј“
Поранешната селска црква „Вознесение Христово“, која изгорела и денес се останати само урнатини
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Споменици
Реки[18]

Редовни настани

Личности

Родени во Панчарево

Поврзано

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 мај 2018.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 228-229. Посетено на 27 мај 2018.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-3, АЕ, 96/1в.
  11. „Образование“. Посетено на 21 мај 2018.
  12. „Се реконструира селскиот дом во село Панчарево“. Сител Телевизија. 4 ноември 2017. Посетено на 27 мај 2018.
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 27 мај 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Посетено на 27 мај 2018.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 53-54. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  19. Спасевски, Валери (1 март 2018). „„Спасина чешма", една од најстарите чешми во Пијанец“. Делчево365. Посетено на 27 мај 2018.[мртва врска]

Надворешни врски