Прејди на содржината

Нордхорн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нордхорн

Nordhorn

Панорамски поглед на градот
Панорамски поглед на градот
Панорамски поглед на градот
Знаме на Нордхорн
Грб на Нордхорн
Нордхорн во рамките на Германија
Нордхорн
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругГрофовија Бентхајм
ГрадоначалникТомас Берлинг (СДП)
Основни податоци
Површина149,64 км2
Надм. височина23 м
Население 55.242 (31 декември 2022)[1]
 - Густина369 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.NOH
Пошт. бр.48527–48531
Повик. бр.05921
Порталwww.nordhorn.de
Местоположба на градот Нордхорн во рамките на округот Грофовија Бентхајм
Карта
Карта
Координати52°25′55″N 7°04′4″E / 52.43194°N 7.06778°E / 52.43194; 7.06778

Нордхорн (германски: Nordhorn) — град и административно седиште на округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Се наоѓа во крајниот југозапад на покраината, сместен на реката Фехте. Градот е член на Еурегио, се граничи непосредно со Холандија и е недалеку од покраинската граница со Северна Рајна-Вестфалија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во крајниот југозападен дел на Долна Саксонија, непосредно на границата со Холандија и околу 20 километри северно од границата со сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Поради својата географска местоположба, уште од средниот век градот се наоѓал на трговските патишта помеѓу Бремен и Амстердам.

Близок поголем град на холандска страна е Енсхеде, кој се наоѓа 28 километри југозападно од Нордхорн. На германска страна се Минстер, околу 78 километри југоисточно и Оснабрик, околу 80 километри источно.

Околината околу и во Нордхорн е определена од реката Фехте, езерото Фехте и каналите Југ-Север, Нордхорн-Алмело и Емс-Фехте.

Градско подрачје

[уреди | уреди извор]

Урбаното подрачје на Нордхорн се состои од градското јадро и селата Брандлехт-Хеструп. Во подрачјето на површина од 25,3 км2 живеат околу 50.300 жители. Во Клаусхајде во една помала урбана област живеат околу 1.350 жители на површина од 0,96 км2.[2] Останатите жители се поделени на периферијата на површина од скоро 124 км2.

По дефиниција една урбана агломерација се смета за област со најмалку 1.000 жители и максимална оддалеченост од еден километар помеѓу деловите. Нордхорн е еден од малкуте градови во Германија, каде бројот на жители на агломерацијата е сличен со вкупниот број на жители. Вкупно живеат 53.711 жители на 149,69 км2.[3]

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градот се состои од седум единици, кои до 28 февруари 1974 година биле самостојни општини. Официјална градска поделба во статутот на градот не постои; табелата подолу се однесува на општините, кои биле припоени кон градот Нордхорн на 1 март 1974 година; бројот на жители е од 31 декември 2013 година.

Нордхорн може да се подели на градското јадро (Иненштат) и поранешните општини Алтендорф, Бакелде, Бокхолт, Френсдорф и Френсвеген. Во поранешните општини постојат и други места, како Бланке, Блумензидлунг, Бусмате, Дегфелд, Фелдфлур, Френсдорферхар, Нојберлин, Орде, Штатфлур, Штренг и Вермате.

Градски единици
Поделба на Нордхорн
Име Жители Површина [км²] Густина на нас. Број на единица
Бимолтен25117,2415033148
Бокхолт68511,8558033149
Брандлехт92115,5059034201
Хезепе28119,5014033152
Хеструп29511,8825034202
Хоенкербен1073,8028033148
Клаусхајде1.46920,1473033150
Нордхорн49.39449,73993033151
Градското подрачје53.403149,64357

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]
Градското собрание

Градскиот совет се состои од 43 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]

Партии и листи Удел Места
SPD Социјалдемократска партија на Германија 29,28% 12
CDU Демохристијански сојуз на Германија 27,01% 11
Grüne Сојуз 90/Зелени 13,64% 6
B!FN Граѓански форум Нордхорн 13,48% 6
FDP Слободна демократска партија (Германија) 5,82 % 2
IPG Иницијатива Про Грофовија 4,88% 2
AfD Алтенартива за Германија 3,80 % 2
Linke Левица (Германија) 2,07 % 1
Вкупно 100% 42
Излезност 48,92%

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на Нордхорн е Томас Берлинг (SPD), чиј мандат започнал на 1 ноември 2011 година. На последните избори на 26 мај 2019 година бил повторно избран.[6]

Список на претходни градоначалници
ГрадоначалникПериод
Гилбертус Петрус Паулус Бауер1800–1812
Фридрих Антон Вебер1812–1821
Егберт Јохан Конрад Финке1821–1832
Јохан ван Алмело1832–1842
Фридрих Вилхелм Герхард Брил1842–1843
Ернст Хајнрих Фридрих Фирнхабер1843–1871
Дерк ван Делден1872–1897
Ернст Хајнрих Бајнс1897–1915
Герхард ван Делден1915–1919
Фридрих Фалзинг1919–1927
Вилхелм Хен1927–1933
Херман Корте1933–1934
Паул Герхарт1934–1945
Паул Древер1946–1948
Хајнрих Барлаге1948–1952
Герит Бринкман1952–1956
Бернхард Ополони1956–1961
Еберхард Лизе1961–1964
Вилхелм Буденберг1964–1972
Корнелиус Гемекер1972–1981
Вилхелм Хорстмајер1981–1986
Фридел Вите1986–1999
Мајнхард Хиземан1999–2011
Томас Берлингод 2011

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Нордхорн е збратимен со следниве градови:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Siedlung Klausheide
  3. urbane Agglomeration Nordhorn auf citypopulation.de, abgerufen am 21. März 2021.
  4. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  5. Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
  6. „Bürgermeisterwahl Nordhorn 2019“. Votemanager. Посетено на 2019-05-27.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]