Лар (Грофовија Бентхајм)
Изглед
За други истоимени места, погледајте Лар.
| Лар | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Грофовија Бентхајм |
| Општ. заед. | Емлиххајм |
| Градоначалник | Хиндрик-Јан Камперт (ДХС) |
| Основни податоци | |
| Површина | 51,01 км2 |
| Надм. височина | 9 м |
| Население | 2.128 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 42 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | NOH |
| Пошт. бр. | 49824 |
| Повик. бр. | 05947 |
| Местоположба на Лар во рамките на округот Грофовија Бентхајм | |
| Координати | 52°37′0″N 6°43′59″E / 52.61667°N 6.73306°E |
Лар (германски: Laar) — општина во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Лар се наоѓа северозападно од Нордхорн во непосредна близина на границата со Холандија. Реката Фехте тече низ местото. Со 51 км², Лар е најголема општина во рамки на општинската заедница Емлиххајм.
Во општината се наоѓа природната заштитена област Ларше Брух.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Општината Лар на југ се граничи со општините Вилен и Вилзум, на исток е општината Емлиххајм, на север е холандската општина и градот Куворден и на запад е холандската општина и град Харденберг.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Лар се состои од шест единици: Агтерхорн, Ехтелер, Ешебриге, Хестерканте, Лар и Форвалд.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
|


