Шитторф
| Шитторф
Schüttorf | ||
| Управа | ||
| Земја | Германија | |
|---|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија | |
| Округ | Грофовија Бентхајм | |
| Општ. заед. | Шитторф | |
| Градоначалник | Јерн Тихтер (ДХС) | |
| Основни податоци | ||
| Површина | 19,43 км2 | |
| Надм. височина | 33 м | |
| Население | 13.273 (31 декември 2022)[1] | |
| - Густина | 683 жит/км2 | |
| Други информации | ||
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
| Рег. табл. | NOH | |
| Пошт. бр. | 48465 | |
| Повик. бр. | 05923 | |
| Портал | www.schuettorf.de | |
| Местоположба на градот Шитторф во рамките на округот Грофовија Бентхајм | ||
| Координати | 52°19′0″N 7°13′0″E / 52.31667°N 7.21667°E | |
Шитторф (германски: Schüttorf; долногермански: Schüttrup) — мал град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Шитторф е најстар град во округот, сместен близу границата со Холандија и покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Шитторф се наоѓа во крајниот југозападен дел на покраината Долна Саксонија, оддалечен околу десет километри од границата со Холандија. Градот се наоѓа помеѓу културните области на Емсланд и Вестфалија. Околината на градот е земјоделска.
Низ градот во насока југоисток-северозапад поминува реката Фехте, која продолжува во Холандија. Највисока точка во градот е 48 метри.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот Шитторф како дел од истоимената општинска заедница се граничи со другите членови на заедницата: Замерн на југоисток, Квендорф на северозапад и Енгден на север. Во рамки на округот, Шитторф се граничи со Бад Бентхајм на запад. На исток, градот се граничи со соседниот округ Емсланд (општината Емсбирен).
Клима
[уреди | уреди извор]Шитторф има средноевропска клима. Просечна годишна температура изнесува 8,5 степени, додека просечниот притисок изнесува 1.015,2 хектопаскали, додека просечните годишни врнежи изнесуваат 700 до 800 милиметри. Климата е субатлантска со свежи зими и релативно топли лета.
| Клима на Шитторф | |||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
| Просечна максимална (°C) | 4,0 | 4,9 | 8,3 | 12,7 | 17,2 | 20,3 | 21,5 | 21,4 | 18,7 | 14,1 | 8,0 | 4,9 | 13,0 |
| Просечна температура (°C) | 1,4 | 1,9 | 4,7 | 8,1 | 12,3 | 15,2 | 16,7 | 16,5 | 14,1 | 10,3 | 5,3 | 2,6 | 9,1 |
| Просечна минимална (°C) | −1,1 | −1 | −1,2 | 3,6 | 7,4 | 10,2 | 12,0 | 11,6 | 9,5 | 6,5 | 2,7 | 0,3 | 5,1 |
| Просечно кол. врнежи (мм) | 68 | 46 | 59 | 52 | 65 | 74 | 79 | 71 | 63 | 60 | 72 | 76 | 785 |
| Извор: Climate-Data.org[2] | |||||||||||||
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 31 избран член, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
| Партии и листи | Удел | Места | |
|---|---|---|---|
| CDU | Демохристијански сојуз на Германија | 35,48 | 11 |
| SPD | Социјалдемократска партија на Германија | 33,28 | 10 |
| Grüne | Сојуз 90/Зелени | 16,28 | 5 |
| FDP | Слободна демократска партија | 4,56 | 2 |
| SL | Шитторфска листа | 4,18 | 1 |
| AfD | Алтернатива за Германија | 4,12 | 1 |
| Linke | Левица | 2,09 | 1* |
| Вкупно | 100 | 31 | |
| Излезност = 54,23 % | |||
| *Кандидатот на Левица по изборите излегол од неговата партија и се приклучил на Зелените.[5] | |||
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник од ноември 2016 година е Јерн Тихтер (CDU).
| Градоначалник | Период |
|---|---|
| Франц Шојрман (подоцна CDU) | 28 февруари 1924 – октомври 1942 15 февруари 1946 – 14 септември 1946 1952 – октомври 1956 |
| Арнолд Хорстмајер (NSDAP) | октомври 1942 – април 1945 (поставен од партијата) |
| Бернхард Ферволд | април 1945 – 25 јануари 1946 (поставен од британската воена влада) |
| Ерих Кортман | 1946–1949 |
| Јохан Венинг (SPD) | 5 јануари 1949–1952 октомври 1956 – 16 октомври 1972 |
| Херман Бринкман (SPD) | 16 ноември 1972 – 14 ноември 1988 |
| Карл-Хајнц Драјер (SPD) | 16 јануари 1989 – 8 ноември 2006 |
| Томас Михаел Хамерлик (CDU) | 8 ноември 2006 – 7 ноември 2016 |
| Јерн Тихтер (CDU) | од 7 ноември 2016 |
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Шитторф е збратимен со следниве градови:
Твентеранд, Холандија (до 2005 г.)
Галерија
[уреди | уреди извор]- Градската реформирана црква
- Пешачката зона
- Вила Шликер
- Католичката црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Klimadiagramm für Schüttorf
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
- ↑ Jonas Schönrock (16.11.2021). „Schüttorfer Rat wählt Manfred Windhaus erneut zum Stadtdirektor“. GN online (германски). Посетено на 2021-11-16. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Шитторф на Ризницата ?- Матична страница
(германски)
| ||||||||
|


