Бад Бентхајм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бад Бентхајм

Bad Bentheim

Градот со замокот
Градот со замокот
Градот со замокот
Знаме на Бад Бентхајм
Грб на Бад Бентхајм
Бад Бентхајм во рамките на Германија
Бад Бентхајм
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Грофовија Бентхајм
Градоначалник Фолкер Панен (СДП)
Основни податоци
Површина 100,16 км2
Надм. височина 49 м
Население 15.770 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 157 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOH
Пошт. бр. 48455
Повик. бр. 05922; 05924 for Gildehaus
Портал http://www.stadt-badbentheim.de/index/
Местоположба на градот Бад Бентхајм во рамките на округот Грофовија Бентхајм
Карта
Карта
Координати 52°18′11″N 7°09′35″E / 52.30306° СГШ; 7.15972° ИГД / 52.30306; 7.15972Координати: 52°18′11″N 7°09′35″E / 52.30306° СГШ; 7.15972° ИГД / 52.30306; 7.15972

Бад Бентхајм (до 1979 г. само Бентхајм; германски: Bad Bentheim; долногермански: Beantem) — град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Градот се наоѓа на границата со покраината Северна Рајна-Вестфалија и со Холандија. Тој е исто така признаена покраинска бања, па оттаму доаѓа и ознаката „Бад“. Во него се наоѓа замокот Бентхајм, што е симбол на градот.

Географија[уреди | уреди извор]

Раширување на градот[уреди | уреди извор]

Границата на градот е долга 49 километри, при што растојанието север-југ е 14 километри, додека растојанието запад-исток е 12 километри. Градското подрачје има површина од 100,16 км².[2]

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Градот се граничи на север со окружниот град Нордхорн, на североисток со општината Истерберг, на исток со Квендорф и Шитторф (сите во округот Грофовија Бентхајм), на југ со Охтруп (округ Штајнфурт) и Гронау (округ Боркен), а на запад со Лосер (Холандија, покраина Оверајсел).

Блиски поголеми градови се Минстер и Оснабрик во Германија и Енсхеде во Холандија.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот е составен од градското јадро на Бад Бентхајм и местата Ахтерберг, Бардел, Гилдехаус, Хагелсхек, Холт и Хар, Зирингхек, Валдзајте и Вестенберг.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото документирано споменување на Бад Бентхајм е околу 1050 година како Бинитхем (Binithem). Постојат повеќе етимолошки објаснувања за самото име. Така, името може да се однесува на ситник (Binsen на германски), растение кое растело на мочурливата област порано. Исто така се претпоставува дека името, како и холандската област Твенте, доаѓа од времето на Тубантите.

Бад Бентхајм, поранешна грофовска резиденција, поседува богата историја. Со векови, градот бил средиште на истоимената грофовија. Под пруска власт, Бентхајм станал амт, а од 1857 до 1973 година бил седиште на основен суд.[3] Во 1945 година, британската окупациска влада на Бентхајм му го укинала статусот на окружен град и го преместила окружното седиште во Нордхорн, кој бил географски средишно поставен во округот.

Знаменитост на градот е моќниот замок на грофовите од Бентхајм, кој бил првпат споменат во документ од 1116 година. Околу 1711 година биле откриени лековити сулфурни извори, од кои подоцна се развиле термални бањи и клиника. Од 1865 година, Бентхајм поседува градски права.

По Втората светска војна постоеле планови, големи делови од Северозападна Германија да бидат припоени кон Холандија, како и Бентхајм. Овие планови на крајот не се оствариле.

Од 6 јуни 1979 година, градот го носи името Бад Бентхајм. Местото Гилдехаус од 1982 година е признато одморалиште.

Како бентхајмско злато се означувал бентхајмскиот песочен камен, кој бил копан во самиот град и во Гилдехаус. Трговијата (XV-XVIII век) се раширила надвор од границите на Грофовијата Бентхајм, во областите Минстерланд, Источна Фризија, во Холандија, како и до Белгија и Данска. Позначајни градби градени со бентхајмскиот песочен камен се Кралската палата во Амстердам, театарот и главната катедрала во Антверпен, католичката црква во Орхус, кулата на црквата „Св. Мартин“ во Гронинген, како и Градското собрание во Минстер. Наводно, постаментот на Статуата на Слободата во Њујорк е исто така изградена од бентхајмскиот песочен камен.

Припојувања[уреди | уреди извор]

На 1 април 1929 година биле припоени општината Бентхајм-Бауершафт и Гутсбецирк Бентхајм. Во рамки на долносаксонската општинска реформа, на 1 март 1974 година кон градот била припоена општинската заедница Гилдехаус (составена од Гилдехаус, Ахтерберг, Хагелсхек, Холт и Хар, Валдзајте и Вестенберг, како и општините Бардел и Зирингхек.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градското собрание
Старото Градското собрание

Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]

Партии и листи Удел Места
CDU Демохристијански сојуз на Германија 39,26% 12
SPD Социјалдемократска партија на Германија 36,35% 11
Grüne Сојуз 90/Зелени 11,50% 3
FDP Слободна демократска партија (Германија) 10,82 % 3
Linke Левица (Германија) 2,06 % 1
Вкупно 100% 30
Излезност 53,28%

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалник на градот Бад Бентхајм е Фолкер Панен (SPD).

Список на претходни градоначалници
Градоначалник Период
Јохан Крабе 1899–1930
Кристијан Микелсен 1930–1937
Карл Рапиц 1938–1944
Карл Брозе (NSDAP) 1944–1945 (9 месеци)
Херман Ламерс 1945
Јохан Шите 1946–1949
Август Липолд 1949–1956
Герхард Крабе (CDU) 1956–1964
Дитрих Зомберг (CDU) 1964–1991
Хорст Винклер (SPD) 1991–1996
Гинтер Алсмајер (CDU) 1996–2006
Фолкер Панен (SPD) од 2006

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бад Бентхајм е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Zahlen Daten Fakten 2018/2019 Архивирано на 17 септември 2018 г., Zahlenspiegel des Landkreises Grafschaft Bentheim, abgerufen am 17. September 2018.
  3. Grafschafter Nachrichten vom 16. Juli 2009: Scherben auf der Mauer sollten das Gefängnis sichern – Das alte Amtsgericht in Bad Bentheim war früher das neue – Zwei Wachtmeister für bis zu 30 Gefangene.
  4. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  5. Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
  6. Obwohl die Partnerschaft 2009 aufgehoben wurde ems-vechte-surfer.de, abgerufen am 7. Januar 2021
  7. (PDF). Bad Bentheim. 2007-05-15 http://www.stadt-badbentheim.de/index/images/stories/erfahrungsbericht%20wolkenstein.pdf. Посетено на 2019-04-19. Занемарен непознатиот параметар |titel= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]