Витмаршен

Координати: 52°31′59″N 7°07′59″E / 52.53306° СГШ; 7.13306° ИГД / 52.53306; 7.13306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Витмаршен
Манастирската црква во Витмаршен
Манастирската црква во Витмаршен
Манастирската црква во Витмаршен
Знаме на Витмаршен
Грб на Витмаршен
Витмаршен во рамките на Германија
Витмаршен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Грофовија Бентхајм
Месни единици 6
Градоначалник Манфред Велен (ДХС)
Основни податоци
Површина 119,83 км2
Надм. височина 21 м
Население 12.421 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 104 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOH
Пошт. бр. 49835
Повик. бр. 05908, 05925, 05946
Портал www.wietmarschen.de
Местоположба на Витмаршен во рамките на округот Грофовија Бентхајм
Карта
Карта
Координати 52°31′59″N 7°07′59″E / 52.53306° СГШ; 7.13306° ИГД / 52.53306; 7.13306

Витмаршен (германски: Wietmarschen) — општина во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Витмаршен се наоѓа во триаголникот на градовите Нордхорн, Линген и Мепен. Највисока точка на општината е Рупингберг во Лоне со 50 метри.

Соседни места[уреди | уреди извор]

Општината Витмаршен се граничи на север со следниве места во округот Емсланд: Твист, Гесте, Линген, Емсбирен. Во Грофовијата Бентхајм се граничи со следниве места: Енгден, Нордхорн, Остервалд и Георгсдорф.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината е составена од следниве единици:[2]

  • Лоне (7.291 жител)
  • Витмаршен (3.929 жители)
  • Фихтенфелд (647 жители)
  • Нордлоне (304 жители)
  • Швартенпол (186 жители)
  • Лонербрух (162 жители)

Најново место е Фихтенфелд, каде за време на Нацистичка Германија постоел камп Емсланд, во кој подоцна се населиле германските бегалци од Истокот. Најголемо место е Лоне, каде од 2008 година се наоѓа и новото општинско собрание. Во местото Витмаршен се наоѓа подрачно одделение на општинската управа.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „FindCity – Gemeinde Wietmarschen – Bürgerinfo“. Посетено на 2018-07-30.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]