Емлиххајм
| Емлиххајм | ||
| Управа | ||
| Земја | Германија | |
|---|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија | |
| Округ | Грофовија Бентхајм | |
| Општ. заед. | Емлиххајм | |
| Градоначалник | Арне-Јан Хелвег (ДХС) | |
| Основни податоци | ||
| Површина | 48,52 км2 | |
| Надм. височина | 14 м | |
| Население | 7.606 (31 декември 2022)[1] | |
| - Густина | 157 жит/км2 | |
| Други информации | ||
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
| Рег. табл. | NOH | |
| Пошт. бр. | 49824 | |
| Повик. бр. | 0 59 43 | |
| Портал | www.emlichheim.de | |
| Местоположба на Емлиххајм во рамките на округот Грофовија Бентхајм | ||
| Координати | 52°37′0″N 6°50′0″E / 52.61667°N 6.83333°E | |
Емлиххајм (германски: Emlichheim; долногермански: Emmelkamp) — општина во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината се наоѓа околу 20 километри јужно од холандскиот град Емен и 25 километри северозападно од окружниот град Нордхорн.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
[уреди | уреди извор]Емлиххајм се наоѓа на германско-холандската граница. Местото се граничи на југ со реката Фехте, а на север со каналот Куворден-Пикарди. Во последните години, Емлиххајм забележал раст на своето население поради доселување на холандски државјани.
Историја
[уреди | уреди извор]Емлиххајм постоел најмалку од времето на Карло Велики. Во документ од 1312 година, местото се појавило под името Еминхем (Emminchem).
Во старите холандски документи (XVI-XIX век), како и денес во долносаксонските дијалекти, Емлиххајм е нарекуван Емелкамп (Emmelkamp).[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Реката Фехте кај местото
- Евангелско-лутеранска црква во Емлиххајм
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
|


