Прејди на содржината

Конрад II (гроф на Виртемберг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Конрад II
Гроф на Виртемберг
На престол1122-1143
ПретходникКонрад I
НаследникЛудвиг I
Починал(а)1143
СопружникХаделвиг
Полно име
македонски: Конрад
германски: Konrad
ДинастијаДинастија Виртемберг
МајкаЛуитгард од Беутелсбах
Дворецот Виртемберг (околу 1600)

Конрад II (германски: Konrad; ? – 1143) — гроф на Виртемберг. Тој владеел од 1122 до 1143 година. Служел како маршал на Швабија и застапник на градот Улм, а поседувал голем имот во долините на Некар и Ремс.

Таткото на Конрад е непознат, но се верува дека тој припаѓал на семејството на грофовите на Веринген (Верингенштад), поради сличноста на семејниот грб на грофовите од Веринген со грофовите на Виртемберг. Така, генерално се претпоставува дека и двете благороднички семејства се поврзани едни со други. Мајката на Конрад, Луитгард од Беутелсбах, била сестра на неговиот претходник Конрад I.

По смртта на Конрад I, тој ја превзел власта како наследник на замокот Виртемберг. Конрад II првпат се споменува на 12 мај 1110 година заедно со неговата сопруга Хаделвиг како донатор на имот во близина на Гепинген на манастирот Блауберен и на 28 декември 1122 година како сведок на императорот Хајнрих V во Шпајер (првиот пат како гроф, вториот пат без титула, но споменат меѓу други грофови). Починал во 1143 година.